ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Манчевски: Концептот парите назад кај граѓаните дава резултати

September 24, 2019 16:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денеска одржа неформалната средба со граѓани во општина Кисела Вода, каде што стана збор за многу различни теми, но посебен интерес, разбирливо, предизвикаа информациите поврзани со стандардот на живеење. Манчевски вели дека концептот „Парите назад кај граѓаните“ дава резултати.

„Растот на минималната плата на 12.507 денари и просечната плата над 3,5 отсто, новото зголемување на платите во образованието од 5 отсто, поголемиот опфат на граѓани од социјално ранливи категории и зголемената за 300 отсто социјална помош, намалување на невработеноста на историски најнизок процент досега од 17,5 отсто се само дел од показателите дека Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за граѓаните преку реформите и мерките кои ги спроведува“, потсети Манчевски.

Како дел од мерките преку кои директно се влијае на намалувањето на трошоците на граѓаните, Манчевски ги наведе укинувањето на радиодифузната такса, враќањето на евтината тарифа на електричната енергија, намалувањето на казните и воведување на концепт на опомена, мерки преку кои сѐ повеќе пари остануваат во семејниот буџет на граѓаните.

Раст на минималната плата на 15.500 денари во периодот кој следува, но и субвенцијата на придонесите за пензиско, социјално и здравствено осигурување до 100 евра, директно ќе влијае на покачување на платите на граѓаните односно животниот стандард со цел просечната плата достигне 30 илјади денари до крајот на мандатот.

СДСМ и Владата која ја предводи презема и реализира  бројни мерки и проекти што не само што го олеснуваат животот на младите, туку и ги охрабруваат младите да останат тука, истакна Манчевски.

Гаранцијата за млади обезбедува пракса, вработувања или доквалификација на младите. Само во три општини минатата година се вработија над 1.800 млади лица, а годинава очекувањата се за далеку поголеми, додаде Манчевски.

Како последни од низата реформи за младите, Манчевски ги посочи  објавените три јавни огласи за обуки за ИТ вештини со кои ќе се преквалификуваат 1.253 невработени млади лица за чијашто реализација се обезбедени 35.1 милион денари.

Владата предводена од СДСМ, продолжува уште попосветено да работи во интерес на сите граѓани. Зборот важи, рече Манчевски на средбата.

извор: МИА

Next Post

Средба меѓу Заев и Мицотакис во Њујорк: Максимално кон градење партнерство, поддршка од Грција за почеток на преговорите со ЕУ

Discussion about this post

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk