ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пандемијата нѐ затвори дома, но не го згасна празничниот дух

December 28, 2020 10:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во сенка на ковид пандемијата, со заштитни маски на лицата, ја испраќаме 2020 година, тешка, но поучна. Граѓаните велат дека изминавме тешка година која физички нѐ раздели од роднините и пријателите, меѓутоа, за сите, поуката е иста, нема ништо поважно од здравјето.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, посака добро здравје за сите граѓани и апелираше да се воздржиме од групирања со цел да ја пречекаме пролетта здрави, за потоа вакцината да си го направи своето.

Мислам дека оваа година што ни доаѓа, 2021, како никогаш до сега има суштина она кога си посакуваме добро здравје и она што јас го посакувам и за мене и за сите луѓе е да има добро здравје и конечно да успееме, невидливот непријател, ковидот, да го победиме како цивилизација со цел да си ги вратиме животите во нормала, изјави за МИА, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Угостителството, годинава, доби сосем друга димензија, гостите преполовени, атмосферата поинаква. Менаџерот на Ресторан Дион, Сашко Поповски, нагласи дека протоколите ги однеле кон големи загуби, меѓутоа празничната атмосфера се чувствува и покрај тоа што пандемијата зема голем замав.

– Немаме прослави, не можеме да организираме никакви забави, журки, ништо, работиме со некои промоции и акции за да е достапно за сите граѓани, да може секој да си ја долови празничната атмосфера,  изјави за МИА, Сашко Поповски.

На него се надоврза и менаџерот на Soul Kitchen Bar, Даниел Костовски, кој што сподели дека атмосферата не е истата бидејќи самата ситуација не го дозволува тоа.

– Разликата од минатата година е сосема голема, со тоа што не прополовија, некаде околу 60 проценти од гостите што требаше и оваа година да ги имаме. Атмосферата не е истата затоа што самата ситуација што ја имаме не ни го дозвлува тоа, но во секој случај се надеваме дека брзо ќе заврши, изјави за МИА, Даниел Костовски.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека со цел регулирање на јавниот ред и мир, ќе постапуваат и во текот на новогодишната ноќ и новогодишните празници. Тие потсетуваат дека кршењето на ковид правилата е кривична одговорност по кривичниот закон за ширење на заразни болести и апелираат дека воопшто нема да имаат толеранција кон кршење на овие закони.

– Да се воздржиме од употреба на пиротехнички средства, од кршење на јавен ред и мир, но, пред сѐ, да се воздржиме од кршење на протоколите за ковид 19 и овие празници, колку што е можно, да ги поминеме во своите домови, за да можеме да придонесеме заеднички за спречување на коронавирусот, изјави за МИА, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Екипата на МИА, на прагот пред Новата година, успеа да долови раздвиженост и добро расположение на плоштадот во главниот град каде што детските насмевки беа составен дел од еуфоријата која го направи магичен секој момент.

Дедо Мраз дојде и во Македонија и нѐ посоветува да се чуваме, да ги носиме маските и да ги слушаме препораките. На прашањето кои се најчестите желби кои стигнуваат до него, Дедо Мраз рече дека желбите се секогаш исти за децата, а за родителите, да има здравје.

– Сите заболени од корона да оздрават и сите заедно да ја пребродиме оваа болест, посака Дедо Мраз.

Овогодинешната честитка е една, добро здравје за сите!

 

Next Post

„Жан Митрев“ ќе утврдува присуство на мутирани соеви на SARS-CoV-2 во државата

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk