Почина модната легенда Пјер Карден на 98-годишна возраст. Врвниот дизајнер издишал за последен пат во болница во близина на Париз.
Во соопштението за неговата смрт, семејството на Карден вели:
–„Сите ние сме горди на неговата силна амбициозност и смелоста која ја покажа низ неговиот живот“.
Пјер Карден, роден како Пјетро Кардин, е италијански- француски моден креатор кој е роден на 2 јули 1922 година, во San Biagio di Callalta во близина на Торино.
Карден беше познат по неговиот авангарден стил и неговите космички дизајни. Тој претпочиташе геометриски форми и мотиви, често занемарувајќи ја женската форма. Тој беше предвесник на унисекс модата,понекогаш беше експериментален и не секогаш практичен во своите креации. Тој го создаде ” фустанот балон” во 1954 година.