Уште на првиот ден од новата година градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ја
надополни неговата GreenPay картичка од ЈП ПОЦ на пластикоматите во Општина Центар.
„Да бидеме совесни и пластичните и стаклени амбалажи да ги рециклираме на места означени за
таа намена. Пластикоматите на ЈП ПОЦ ја имаат токму таа намена, да ги мотивираат граѓаните да
го селектираат отпадот и на тој начин, да придонесат за почиста околина, но и да ги користат
останатите поволности кои ги нуди оваа картичка“, изјави градоначалникот Богдановиќ.
Во рамки на проектот „И отпадот има вредност“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар, поставени се
повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки на повеќе локации
низ општината.
Со селектирањето и рециклирањето на пластичниот и стаклениот отпад, додаде Богдановиќ,
придонесуваме за поздрава и почиста животна средина и подобри услови за живот во Центар.






