Започна гласањето за „Јуниорскиот Евросонг“, можете да гласате и вие.
Прекрасниот моќен вокал на Мила Москов, збогатен со аранжманот на братско-сестринскиот хитмејкерски тандем Магдалена и Лазар Цветкоски. според сите предвидувања многу високо котира кај Евросонг фановите.
Нашата Мила Москов со песната „Fire“ (Оган), извонредно успешно ги одржа двете генерални проби и в недела се очекува да ја „запали“ Европската публика, подеднакво како што со својата непосредност ги освои симпатиите во Гливице во Полска и Јуниор Евросонг фановите на Јутјуб и другите социјални мрежи.
Според коментарите Мила и „Fire“ ја вбројуваат меѓу најдобрите пет за оваа година.
Како да гласате?
„По пат на онлајн гласање сите заедно одлучуваме кој ќе биде победникот на годинешниот „Јуниорски Евросонг“. Поддржете ја и нашата учесничка Мила Москов со тоа што ќе гласате и за неа. Гласањето веќе започна и ќе трае два дена, односно до самото финале кое е закажано за во недела, велат од МТВ.
Одете на овој линк за да гласате: vote.junioreurovision.tv.
После кратката видео најава на сите учесници треба да одберете најмалку три, а најмногу 5 ваши фаворити. Секој може да гласа и за учесникот од сопствената земја.
Нашата Мила ќе настапи под реден број 4.
Четиринаесет годишната Мила Москов од Прилеп, е ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп, a нејзиниот талент е забележан уште од најраните нејзини години од професорите од нижото музичкото училиште каде посетува часови по пијано и соло пеење.
Годинешниот 17 детски Евросонг се одржува во „Гливице Арена“, во градот Гливице во Полска и на него ќе земат учество детските претставнивци на 19 земји. Детскиот „Евросонг“ е во организација на ЕБУ (Европската бродкаст унија).
Ј.Ѓ.