ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дендиас: Правиме повеќе од она што можеме да ја убедиме Франција и другите земји членки

Во Скопје во вторник пристигнува шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој во интервју за грчкото радио „Реал фм“ истакна дека не е сигурен дека „ние можеме да ја одведеме француската политика до промена,“ но нагласи дека сигурно ќе се обидат и оти прават повеќе од она што можат

November 23, 2019 10:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопје во вторник пристигнува шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој во интервју за грчкото радио „Реал фм“, a пренесе МИА, истакна дека не е сигурен дека „ние можеме да ја одведеме француската политика до промена,“ но нагласи дека сигурно ќе се обидат и оти прават повеќе од она што можат, .

Дендиас и заменикот министер за надворешни работи надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис на 26 ноември пристигнуваат во земјава, а портпаролот на грчкото МНР Александрос Гениматас посочи дека една од темите за кои ќе се разговара е и дополнителен развој на економски односи.

Шефот на грчката дипломатија непосредно пред посетата на Скопје ја повтори позицијата на Грција – поддршка за проширувањето на ЕУ, бидејќи „тоа е во интерес и на Европа и во интерес на Грција”.

Тој веќе имаше средба со Никола Димитров во Брисел, а следната недела во посета на Атина пристигнува холандскиот министер за надворешни работи. Холандија беше една од трите земји кои рекоа „не“, а Дендиас изјави дека планира да замине и за Копенхаген, но планира и средба со Французите.

– Со Ле Дријан се видов завчера на состанокот на НАТО. Во рамките на нашите можности, правиме повеќе од она што можеме, рече вчера Дендиас.

Поддршката за отпочнување преговори со Северна Македонија и Албанија во март следната година се зголемува. Вкупно 15 земји-членки на Унијата го ставија својот потпис на писмото, кое минатата недела беше испратени до Европската Комисија, во кое се бара почеток на преговорите за двете земји во март 2020. Писмото првично беше пратено од шест земји-членки, а потоа кон нив се придружија уште девет

Меѓу потписничките е и Грција, а останатите се Австрија, Италија, Словенија, Словачка, Полска, Чешка, Бугарија, Естонија, Грција, Унгарија, Ирска, Летонија, Литванија, Малта и Португалија.

Во писмото се дава согласност за реформа на методологијата на преговарачкиот процес доколку тој овозможи отворање на пристапните преговори за членство со Скопје и Тирана во март 2020.

Земјите-членки ќе се навратат на оваа дискусија за време на идните министерски состаноци за општи работи на ЕУ кои се одржуваат еднаш месечно, но потребно е новиот состав на Европската Комисија да почне со работа за да може да поднесе предлог до земјите членки на ЕУ, врз чија основа тие би можеле да изградат компромис по ова прашање. 

Next Post

Сончево со умерена облачност

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk