ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На 6. јануари 1392 година Скопје паднало под Османлиска власт, 1412 г. родена е Јованка Орлеанка, 1848 г. роден е бугарскиот реоволуционер Христо Ботев

January 6, 2021 07:54
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

1169.- Франција и Англија склучиле мир по средбата на кралевите Луј Седми и Хенри Втори, во Монмирај.

1392.- Скопје паднало под османлиска власт и станало седиште на санџакот (подрачје, управна единица на чело со санџак-бег, врховен воен и административен старешина). Скопскиот санџак бил првата организирана османлиска провинција на територијата на југословенските земји и база за навлегување кон север и запад.

1412.- Родена е Јованка Орлеанка (Жан Д’Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 до 1453 г.). На младата селанка, на која “гласовите од небото” и наредиле да ја спаси Франција, кралот Карло Седми и доверил и водство на еден воен одред од 800 воини и таа во 1429 година го спасила градот Орлеан од англиските освојувачи. Подоцна паднала во рацете на бургундијците (приврзаничка партија на англискиот крал) кои ја предале на Англичаните. Била прогласена за вештерка и осудена од црковниот суд на смрт со запалување, што било извршено во Раун, на 30 мај 1431 година.

1745.- Роден е францускиот пронаоѓач Жак Етјен Монголфје, кој заедно со братот Жозеф Мишел во 1783 година го конструирале првиот балон наполнет со загреан воздух.

1810.- Со мировен договор во Константинопол поразеното Османлиско царство на Русија и ги предало полуостровот Крим и областа Кубан.

1829.- Умрел чешкиот славист Јозеф Добровски, татко на славистиката, главна личност во чешката народна преродба. Автор бил на чешката граматика и на граматиката на старословенскиот јазик. Дела: „Историја на чешкиот јазик и литература“, „Граматика на чешкиот јазик“, „Граматика на старословенскиот јазик“, збирките „Славин“, „Слованка“.

1838.- Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Самјуел Морзе првпат извел јавна демонстрација на телеграфот – електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон – Балтимор.

1848.- Роден бил Христо Ботев, бугарски револуционер, поет и публицист. Пропагирал јужнословенско единство и социјалистички идеи. Неговата поезија била борбена, социјално бунтовна, но секогаш уметнички вредна. Песните „Борба“, „Ѓурѓовден“, „Хаџи Димитар“ и други, содржат трајни универзални пораки со слободарско-бунтовнички карактер. Загинал во борба против турската војска, на 1 јуни 1876 година.

1919.- Умрел американскиот државник Теодор Рузвелт, претседател на САД од 1901 до 1909 година, чија политика создала светска сила од САД. Должноста шеф на државата ја презел по убиството на претседателот Вилијам Мекинли во 1901 година. Бил иницијатор на изградбата на Панамскиот канал, а за посредувањето во руско-јапонската војна во 1905 година ја добил Нобеловата награда за мир во 1906 година.

1941.- Претседателот на САД Френклин Рузвелт во говорот во Конгресот го дефинирал своевидниот политички концепт познат како „четири слободи“ – слобода на говорот, слобода на религијата, слобода од страв и слобода од сиромаштија.

1945.- Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започнал со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ).

1946.- Основано било Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Меѓу основачите биле Василие Поповиќ Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски и Борко Лазески.

1950.- Велика Британија ја признала Кина.

1981.- Умрел шкотскиот писател Арчибалд Џозеф Кронин. Дела: романите „Цитадела“, „Ѕвездите гледаат од небо“, „Госпоѓата со каранфилите“, „Три љубови“, „Херојски години“, драмата „Јупитер се смее“.

1987.- Умрела Маргарет Лоренс, канадска писателка, доминантна личност во канадската современа литература, авторка на романот “Камениот ангел”. Покрај писателската дејност, таа била ангажирана и во антинуклеарното движење. Родена била во 1927 година.

1993.- Умрел рускиот балетан Рудолф Хаметович Нуреев, ѕвезда на светската балетска сцена. На Запад емигрирал по гостувањето во Париз во 1961 година. Запаметен е по незаборавните главни улоги во многу балети, вклучувајќи ги „Лебедово езеро“, „Жизел“, „Петрушка“.

1993.- Умрел американскиот џез-музичар, трубач, пејач, композитор, аранжер и шеф на оркестарот Џон Брикс „Дизи“ Гилеспи, несомнено еден од најдобрите трубачи и импровизатори во историјата на џезот. Одиграл пресудна улога во создавањето на би-бап музиката.

2004.- Иран ги обновил целосно дипломатските односи со Египет кои биле прекинати пред 25 години, променувајќи го и називот на улицата која го носела името на терористот што го убил египетскиот претседател Анварал ел Садат, во октомври 1981 година.

###

Next Post

Охрабрувачки бројките во економијата во последниот квартал од 2020 година, Заев најави година на рестарт, заживување и поддршка

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk