ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јаневски: Општина Струмица со сите ресурси е ставена на располагање за помош на оштетените од пожарот во „Глобал“

January 6, 2021 10:06
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Струмица со сите ресурси е ставена на располагање за помош на сопствениците и корисниците на деловните објекти кои претрпеа штети од пожарот во Трговскиот центар „Глобал“, објави на Фејсбук, градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.

Тој информира околу активностите на формираното координативно тело и Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди и за средбата со сопствениците и корисниците на деловните објекти во „Глобал“.

„По вчерашното формирање на Координативното тело со претставници од релевантни општински и државни институции, денеска, Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, ги стави на располагање сопствените знаења и искуства во проценката на штетите предизвикани од пожарот.

Во салата на Советот на општина Струмица се одржа средба меѓу сопствениците и корисниците на деловните објекти и секретарот на општина Струмица Александар Оџаков, претседателот на Општинската комисија за проценка на штети, Ацо Ѓоргиев и членот на истата комисија, Васил Крстев.

Сопствениците и корисниците беа детално информирани за спроведување на законската постапка за поднесување барање за финансиска помош од државата.

Според единствената методологија за проценка на штети од елементарни и други непогоди, правните лица сами ја проценуваат штетата формирајќи сопствена комисија. Пополнетите формулари ги доставуваат до Општинската комисија која како збирен извештај го доставува до Советот на општина Струмица и по неговото усвојување ќе биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети, а ќе биде даден на разгледување и во Бирото за судски вештачења.

Општина Струмица им отстапува една просторија во општинската зграда на сопствениците и корисниците каде што ќе можат заедно со членовите на Општинската комисија, точно и навреме да ги пополнат формуларите.

Проценката на штетите ќе се одвива на три нивоа и тоа, проценки на штети на објекти, на основни средства и на трговска стока.“, напиша градоначалникот Јаневски

 

Next Post

За основни месечни потреби не се доволни две минимални плати

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk