Министерот за здравство д-р Венко Филипче во утринската емисија на МРТВ најави вработување на приватни специјализанти, за што се обезбедени финансиски средства, информираат од Министерство за здравство.
– Со приватните специјализанти имавме бројни состаноци, дадовме ветување. Обезбедени се финансиски средства за близу 250 специјализанти да бидат вработени во јавните здравствени установи, за иднината да ја гледаат тука во нашата земја – рече Филипче.