ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски се плаши дека нема да е партиски лидер ако изборите се по четири години

January 6, 2021 18:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

После меѓународната дипломатија, на која владата на СДСМ ги посвети првите две години од првиот мандат, оној од 2017 година, и успеа да потпише два договори и да ја внесе државата во НАТО, чин на кој Мицкоски не осети емоција кон државата и народот да аплаудира за историскиот успех, владата во третата година од мандатот се соочи со светска здравствена криза, во период кога имавме техничка влада. Тогаш предвремени избори беа неминовни за да се надмине таквата ситуација и да се избере политичка влада. Но, здравствената криза ги попречи сите планови за внатрешен напредок, покрај дипломатските успеси. Но, иако политичката ситуација беше турбулентна пред изборите лани, сепак владата најде начин како да спроведе четири пакети економски мерки, а на повидок е и петиот.

И во ситуација кога сите стопански комори и синдикални организации ги поддржуваат економските мерки и нагласуваат дека тие се носат во соработка и консултации со нив, само ВМРО ДПМНЕ не ги гледа ефектите од економските интервенции на владата. И повторно Мицкоски ја критикува секоја економска мерка, но никогаш не се вклучува да помогне, со знаењето за кое тврди дека го поседува. Еден коректен политички гест ќе беше ако тој, или неколкумина од неговото опкружување се приклучеа на платформата „За татковината со љубов“ иницирана од вицепремиерот Фатмир Битиќи со повик секој што смета дека знае како да и помогне на државата во надминување на економските последици предизвикани од корона кризата да се приклучи со совети, идеји и предлози. Но, и тоа е многу за Мицкоски, тој наместо со работа да покаже колку вреди, тој мисли дека со повикот за предвремени избори ја завршил работата.

Јасно е дека на сите теми, кои ВМРО ДПМНЕ ги споменува како аргументи за избори, партијата губи. Па затоа сега прашање е дали СДСМ ќе одолее на повикот за избори во име на одговорноста и ќе продолжи онаму каде што е, или пак, ќе ја искористи ситуацијата да и забие на ВМРО ДПМНЕ, оти ако се следат анкетите од изминатиот период Заев и натаму е со доминатна доверба кај граѓаните, а неговиот СДСМ води пред партијата на Мицкоски. Но, ако Заев се реши на избори и ја користи предноста со рејтингот, тогаш нема да биде ништо поразличен од ВМРО ДПМНЕ, освен што ќе настојува на секои година до две да купи нови четири, како што правеше Груевски. Едноставно Заев мора да истера еден цел мандат, после довербата добиена на последните избори, на кои неговата партија освои мнозинство пратеници во парламентот. Само така можеме да знаеме колку имал исправни политики, колку остварил од ветеното и дали постоеле објективни причини за тоа што ќе остане нереализирано, па така ќе знаат македонските гласачи дали одново да го изберат за премиер.

Грубо кажано, ако се направи пресметка на годините владеење на СДСМ, јасно е дека од средината на 2017 година до крајот на 2019-та фокусот беше ставен на меѓународната политика со замисла ако таму државата добро се позиционира и ги обнови пријателствата во регионот и низ светот, што е факт дека е направено, тогаш полесно ќе се донесат инвестиции, ќе се отворат работни места, ќе се засилува економијата. И тоа тргна натаму, но, ковид кризата цела измината година, а сигурно ќе загорози и голем дел од актуелната, ги измести сите држави и буџети, па и нашиот. Затоа, ова е сега првата година од новиот мандат која ќе мора да се посвети на здравството и економијата, откако се уверивме дека цела европска заедница е на наша страна и дека во нас препознава сериозен соработник и партнер. Практично, допрва ќе ги проверуваме знаењата на Заев за домашна економија и подобрување на стандардот, а тоа не е можно ако повторно, и ако постојано одиме на предвремени избори. Исто како што нема да може да се реализираат, односно ќе се одложат, започнатите важни реформи во образованието, филтрацијата во судството и негово реформирање, инвестоциите во здравството, пред се со клиничкиот центар. Затоа Мицкоски најверојатно ќе мора да почека цел мандат додека се организираат избори, ако до тогаш сопартијците не го сменат од лидерската позиција. Дали тоа е причината заради која му се брза и од која се плаши Мицкоски?

 

извор новатв.мк
Next Post

Политико: Трамп приватно го признава поразот, но сака внимание

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk