Пријателството е јасно нешто што му е многу важно на Двејн Џонсон. Кога актерот бил дете тој и неговата мајка биле иселени од Хаваите и завршиле на улица. Бруно Лауер кој што тогаш работел како менаџер во борење под титулата Харви Виплман во 90-тите години, ги примил во својата приколка.
Додека живееле во приколката Рок ја започнал и својата боречка кариера. Исто така Бруно му помогнал на Двејн да го купи својот прв автомобил кога бил тинејџер.
„Мајка ми и јас бевме протерани од островот Хаваи и ме испратија во Нешвил, Тенеси да живееме со татко ми. Кога слетав во Нешвил, брзо открив дека нема да живеам со татко ми. Се случува, плановите се менуваат и тоа е начинот на кој се одвива.“, вели Двејн.
Така тој завршил кај Бруно и станале доживотни пријатели. Рок одлучил на својот пријател да му подари автомобил за да му се заблагодари за сѐ. Но, овој автомобил си има свое значење.
https://youtu.be/UmKKtxGf49s