Трамп почна „целосен напад“ врз демократските институции во државата, нагласи денеска новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.
Тој ги нарече демонстрациите пред Капитол еден од „најцрните денови“ во историјата на САД.
– Не се осмелувајте да ги нарекувате демонстранти. Тие беа насилна толпа. Востаници. Домашни терористи. Тоа е во основата. Толку едноставно, нагласи Бајден. /МИА/