„Треба да прашувате зошто сакам пари. Причината не е тоа што мислите. Имам многу малку време за рекреација. Немам викендички или јахти или нешто слично.“ – Илон Маск го помина Џеф Безос и за кратко време стигна на врвот на листата на најбогати луѓе на планетата, а открива на што ќе го потроши богатството, проценето на 189 милијарди долари.
Џеф Безос, основачот на Amazon, беше најбогатиот човек во светот од 2017-та, но неделава вредноста на Tesla, компанијата на Илон Маск, стигна до 700 милијарди долари, со тоа ставајќи го Маск на првото место. Според светските медиуми, сега Tesla вреди повеќе од Toyota, Volkswagen, Hyundai, GM и Ford заедно.
Илон имаше и навистина интересна реакција на Twitter кога се расчу веста. Прво милијардерот напиша „Колку чудно“, а веднаш потоа објави твит кој гласи: „Па, назад на работа“.
How strange
— Elon Musk (@elonmusk) January 7, 2021