ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Карбинци за една година ќе добие вода од ХС „Злетовица“

-Во овој момент со сирова вода од Хидросистемот „Злетовица“ се снабдуваат само две општини, а тоа се Пробиштип и Свети Николе

November 23, 2019 19:06
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Распишана е тендерска постапка за изградба на Филтер станица за вода за пиење за Општина Карбинци, со што оваа општина е првата која ги користи средствата од Владата за ставање во целосна функција на најсовремениот систем за водоснабдување „Злетовица“, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски по посетата на општината.

-Во овој момент со сирова вода од Хидросистемот „Злетовица“ се снабдуваат само две општини, а тоа се Пробиштип и Свети Николе. Но, наскоро ќе се приклучи и општината Карбинци, бидејќи е прва општина која ја заврши постапката за комплетна техничка документација и затоа е и прва општина која ќе ги користи финансиските средства предвидени во Акцискиот план за изградба на Филтер станицата со капацитет од 30 до 40 литри во секунда, вели Димковски.

Тој забележа дека со изградбата на овој капитален објект селата кои се под општина Карбинци трајно го решаваат проблемот со водоснабдување, а кои во моментов пијат вода од бунарски системи. До локацијата каде што ќе биде Филтер станицата веќе е поставен цевковод и оптички кабел, кој треба да го следи протокот на водата од Скада системот на ХС Злетовица до новата Филтер станица.

Средствата што ги издвои Владата за ставање во целосна функција на ХС „Злетовица“ треба да ги искористат и Штип, Лозово и Свети Николе.

Министерот Димовски информираше дека во тек се преговори со Европската инвестициона банка за изградба на втората и трета фаза од ХС Злетовица.

-Со заемот ќе се обезбеди систем за наводнување на 4.100 хектари земјоделско земјиште и изградба на шест мини хидроцентрали. Техничката документација со грант од Европската инвестициона банка во износ од 1,5 милиони евра е веќе изготвена. Со обезбедување на средствата од банката во износ од 50 милиони евра, за реализација на втора и трета фаза целосно ќе се заокружи ХС Злетовица, вели Димковски.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев истакна дека изградбата на Филтер станицата, но и пристапни патишта и цевководи до осумте населени места ќе чини 2,7 милиони евра. Тој се надева дека до декември Министерството ќе успе да избере економски оператор што веднаш ќе ја стартува изградбата на Филтер станицата, а очекува изградбата и ставањето во функција на овој капитален објект да биде наредната година.

За општината Карбинци реализацијата на проектот значи обезбедување на вода и решавање на проблемот со водоснабдување за наредните сто години. Со пуштањето на водата од ХС Злетовица ќе се намали и цената на водата за пиење во оваа општина, што во моментов изнесува 24 денари.

Next Post

Заев: Нема да ја даваме државата да ја води човек без став

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk