ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Парила: Потегот на САД да ја стави Куба на листата на земји кои го спонзорираат тероризмот, е лицемерен и циничен

January 12, 2021 09:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Куба смета дека е лицемерен потегот на  САД да ги додаде на листата на земји кои го спонзорираат тероризмот, изјави синоќа кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез Парила.

“Ние ја осудуваме лицемерната и цинична одлука на САД да ја обележат Куба како држава што го спонзорира тероризмот. Сите оние кои се искрени во врска со проблемот со тероризмот сметаат дека овој потег е политички опортунизам”, напиша министерот на Твитер.

Администрацијата на Трамп во заминување вчера ја стави Куба на списокот на земји кои помагаат на меѓународниот тероризам, потсети Тасс.

САД ја обвинуваат Хавана за одбивањето да ги екстрадира водачите на колумбиската левичарска револуционерна вооружена група.

Во моментов, покрај Куба, САД означија уште три други земји кои го поддржуваат тероризмот: Иран, Северна Кореја и Сирија.

Односите меѓу САД и Куба се влошени од 1961 година како одговор на национализацијата на американската сопственост на островот, а Вашингтон подоцна возврати со трговски и економски санкции против Хавана.

Поранешниот американски претседател Барак Обама во 2014 година призна дека претходната политика кон Куба не функционира и најави нов пристап кон оваа латиноамериканска земја, со ублажување на санкциите.

Со доаѓањето на Трамп, Америка зазеде поцврст став кон Куба, а новоизбраниот претседател Џозеф Бајден го критикуваше Трамп за неговата политика кон Хавана, додава Тасс. /МИА/

Next Post

Имунитетот од вакцината на „Модерна“ ќе трае најмалку една година

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk