ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Народна банка: Четвртиот пакет владини економски мерки постигнува ефект

January 13, 2021 13:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во периодот од последната, декемвриска, седница на Комитетот наваму, ликвидноста на банкарскиот систем во домашна валута забележа позначителен пораст, условен главно од остварувањето на дел од четвртиот пакет мерки за ревитализирање на економијата во услови на ковид-19. Во такви околности, банките имаа многу ниска и повремена потреба за тргување со краткорочни денарски ликвидни средства на пазарите на пари. Поволни движења имаше и на девизниот пазар, видливи пред сѐ преку растот на нето-понудата на девизи од физичките лица на менувачкиот и девизниот пазар. Овие пазарни остварувања беа проследени со натамошно зголемување на девизната ликвидност на банките, поради што Народната банка за прв пат во 2020 година интервенира со откуп на девизи. Поволните случувања на девизниот пазар продолжуваат и во првата половина на јануари, при забележан нето-откуп на девизи од страна на банките.“- се наведува во соопштението на Народната банка, издадено по седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика.

Народната   банка известува дека оптимизмот на меѓународните финансиски пазари придонесе за зголемен интерес кај инвеститорите.

„Во декември, започнувањето на процесот на вакцинирање против корона-вирусот во повеќе земји, постигнувањето на договорот за Брегзит помеѓу Обединетото Кралство и ЕУ и очекувањата за натамошна поддршка на економскиот раст од носителите на политиките создадоа оптимистички согледувања кај инвеститорите околу перспективите за економското закрепнување на глобално ниво. Оптимизмот на меѓународните финансиски пазари придонесе за зголемен интерес за вложување во повисоко приносни финансиски инструменти, поради што продолжи растот на глобалните берзански индекси, а вредноста на САД-доларот сенамали. Цените на државните обврзници немаа позначителни поместувања во текот на месецот, односно се задржаа на релативно високи нивоа.“- пишува во соопштението.

Општо земено, на седницата на Комитетот било заклучено дека засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена. Сепак, неизвесноста и ризиците од  пандемијата предизвиканаод ковид-19 и натаму постојат, како во глобални рамки, така и во рамките на домашната економија. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветно приспособување на монетарната поставеност, доколку е потребно.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Макрадули ветува нов начин на функционирање на националната Пошта

НАЈНОВО

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку седум дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, а го изгаснавме за 30 часа

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk