ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФБИ истражува поврзаност на упадот во Капитол Хил со странски влади и организации

Безбедносните аналитичари велат дека одамна постои „меѓусебна наклонетост меѓу западните „бели врховисти“ и руската влада.

January 17, 2021 15:08
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

ФБИ истражува дали странски влади, организации или поединци давале финансиска поддршка на лицата кои се вклучени во планирањето и извршувањето на нападот на Капитол на 6 јануари, се наведува во денешниот извештај.

Ал Џезира објави дека како дел од истрагата, ФБИ испитува исплати од 500.000 американски долари во биткоин од француски државјанин, на клучни фигури и групи во крајната десница пред бунтот, како што изјавил за NBC News еден сегашен и еден поранешен функционер на ФБИ.

Плаќањата биле документирани и објавени минатата недела од компанија која ги анализира трансферите на криптовалути. Плаќањата со биткоин може да се следат бидејќи тие се документирани на јавна книга.

Службеник на ФБИ е цитиран дека трансферите на биткоин веројатно ги извршил француски компјутерски програмер, кој си го одзеде животот на 8 декември минатата година откако ги активираше трансферите, пренесоа француските медиуми.

Плаќањата со крипто-валути го поттикнаа ФБИ да испита дали парите се искористени за финансирање нелегални активности, што, ако е точно, ја зголемува можноста за перење пари и обвиненија за заговор, изјави претставникот на ФБИ.

На 8 декември, Chainalysis објави дека донаторот испратил 28,15 БТК – во вредност од околу 522 000 американски долари за време на трансферот – на 22 одделни адреси, од кои повеќето им припаѓаат на екстремно десничарски активисти.

Според објавата на блогот, крајниот десничар Ник Фуентес добил најмногу пари, 13,5 БТК – во вредност од околу 250 000 американски долари.

Како што се наведува, „руските, иранските и кинеските актери на влијание ја искористија можноста да ги засилат наративите во насока на понатамошен интерес за нивната политика среде претседателската транзиција“.

Руски медиуми ги засилија темите поврзани со насилната и хаотична природа на инцидентот во Капитол Хил, импичментот на претседателот Доналд Трамп и цензурата на социјалните мрежи, се вели во некласифицираниот извештај за разузнавање.

Руски полномошик тврдеше дека членови на Антифа се маскирале како приврзаници на претседателот Трамп и биле одговорни за упадот во зградата на Капитол.

Кинеските медиуми, како што се посочува, во меѓувреме, „ја искористија приказната за да го оцрнат демократското управување на САД и да го оправдаат кинескиот удар врз демонстрантите во Хонг Конг.

Испитувањето на можното странско влијание поврзано со немирите во Капитол, што вклучува поделба на контраразузнавањето на ФБИ, доаѓа по години на, како што велат сегашни и поранешни функционери на ФБИ, докази дека Русија и другите странски противници се обиделе тајно да ги поддржат „политичките екстремисти“ од крајните десница и левица.

Безбедносните аналитичари велат дека одамна постои „меѓусебна наклонетост меѓу западните „бели врховисти“ и руската влада.

Некои сенатори беа доволно загрижени за прашањето, така што вметнаа барање во нацрт-законот за одбрана од 2021 година Пентагон да го известува Конгресот за степенот на руска поддршка за„ расно и етнички мотивирани насилни екстремистички групи и мрежи во Европа и во САД“- и што може да се стори за да се спротивстават.

Извор: 360 степени

Next Post

За децата што ќе плукаат крв

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk