ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не постои „спасено шверцувано бебе“, ниту, пак, таква операција на спасување

January 21, 2021 16:05
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Монтирана фотографија од наводно „спасено шверцувано бебе“ во тело на обработено мртво животно, наменето за продажба во месарниците, се користи за ширење дезинформации дека станува збор за спречена трговија на деца и тоа од симпатизерите на наводната армија на Q-аноните, т.е. на теориите на заговор и симпатизери на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа.

Објава на Фејсбук на македонски јазик шири невистина за наводна трговија со деца. Објавата е поткрепена со фотографија – монтажа за која веќе има поведено истрага од релевантен факт чекер, при што е утврдена монтажата.

Покрај тоа, во коментарот на објавата се наведува дека ваквите дела, стопирање на шверц со деца, било разбиено од таканареченото „Q“ движење на следбениците на Доналд Трамп:

16.01.2021
Не сте знаеле за трговија со деца .
Ова е глобалната пандемија .
Q го спречи ова.

Нашето пребарување по интернет покажа дека ваквата фотографија е објавена најмалку дваесетина пати на профили на разни мрежи, на разни интернет медиуми, на приватни профили и блогови и тоа во период од неколку години, најмногу во 2020, а и сега, во првите две-три недели од јануари 2021.

Пребарувањата направени преку мрежите за пребарување фотографии можете да ги видите на овој линк од пребарувачот Гугл. Освен тоа, оваа фотографија е фотомонтажа, утврдила „Република“ од Перу (La Republica.pe).

Во текстот за проверка се наведува дека од март 2020 на социјалните мрежи се шири фотографија со вест дека била откриена „нова форма на шверцување на деца“, која била спречена во Мексико. Притоа, факт-чекерите од „Република“ откриле дека оригиналот на Фејсбук објавата е преземен од текст објавен на 19-ти март 2019 на блогот на аргентинска интернет телевизија (ZonaFrancaTV). Притоа, се објавуваат „детали“ за спречениот наводен шверц на деца во мексиканската држава Вера Круз.

Според наводите, шверцот го вршела извесна позната компанија, а при случката наводно биле спасени 20 деца, кои биле скриени во тела од обработени крави, но едното дете при контролата се разбудило и ги алармирало полицајците.

Во ваквата сторија – фантазија проверувачите на факти утврдиле два факта. Навистина постои фотографија од камион ладилник, кој е контролиран од мексиканска полиција, но од 2017 година, при што на фотографијата од блогот објавена 2019 година е намонтирано име на компанија, додека на оригиналната, камионот е без никакви обележја. Второ, втората фотографија е целосна монтажа, т.е. не постои оригинална фотографија на бебе скриено во тело од мртвото животно.

Фотографијата со бебето кое е наводно спасено, е фотомонтажа објавена на полски блог во 2016 година, при што крајната цел е застапување или борба против веганството. Над фотографијата на овој блог пишува: „Кога не сакаш твоето бебе да биде родено како веган“.

Според тоа, факт-чекерите од „Република“ извршиле одлична проверка со која е докажано дека постовите со оваа фотографија се монтажа и се лажни вести.

Поради тоа, без никакво сомневање и овој пост на македонски јазик што го рецензираме е целосна лага. Лагата е и во текстот на објавата и во фотографијата под текстот, се вели во новата анализа на Вистиномер.мк.

 

Next Post

(ВИДЕО) Запалени три контејнери во Дебар Маало, брза интервенција на пожарникарите

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Гаши во Турција прими „Глобална награда за дипломатија“

November 9, 2025
Project Stargate. Фото илустрација генерирано со ВИ

Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

November 9, 2025

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk