Белата куќа и Вашингтон ги напушти како прва дама со елегантен, црн аутфит и високи штикли, а на Флорида слета насмеана, во колоритен фустан и балетанки, но доби и критики за грешка која ја направила со персоналот на заминување.
Доналд и Меланија Трамп го напуштија Вашингтон пред инаугурацијата на Џо Бајден, одбивајќи да присуствуваат на настанот и да се сретнат со него.
Меланија го напушти Вашингтон за последен пат како прва дама, облечена во елегантен, црн аутфит од глава до пети, со Louboutin високи потпетици и Hermes Birkin чанта од 70.000 долари.
На слетувањето во Флорида, каде Трамп ќе се пензионира и ќе живеат релаксиран живот, Меланија изненади со промена на аутфитот.
Облечена во шик, колоритен фустан на Gucci, таа мамеше воздишки, а конечно се спушти од високите потпетици на балетанки.
Сепак, и покрај восхитот за модните појавувања во изминатите 4 години, таа доби критики за нејзините (не)одговорности како прва дама.
Во Белата куќа е долгогодишна традиција, првата дама да им остави лични пораки на сите членови на персоналот кои се грижеле за нејзиното семејство во мандатот.
Очигледно за Меланија и тоа било премногу работа, па ја препуштила на некој од пониските нивоа во персоналот, а на крај само ги потпишала пораките.
Според изворите на светските медиуми, таа не била воопшто тажна во изминатиот период што ќе ја напушти Белата куќа, а велат дека никогаш не била посреќна како на слетувањето во Флорида.