ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ако дојде кинеската вакцина утре јас прв ќе се вакцинирам“, вели професорот Пановски

January 26, 2021 14:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се разгледува можноста и за набавка на кинески вакцини, на производителите „Синовак“ и „Синофарм“, иако во меѓувреме, државата не се откажува од фајзеровите вакцини кои треба да се обезбедат преку ковакс механизмот. За кинеските вакцини се размислува по доцнењето на испораката на вакцините на „Фајзер“.

Професорот од Медицинскиот факултет Никола Пановски, вели дека вакцината од „Синофарм“ е класична вакцина произведена од мртов вирус, не е направена со нова технологија. Тој посочува дека детали околу самите вакцини кои со сигурност може да се потврдат ќе се знаат за две-три години.

„Некој лани да ми речеше дека би требало да се вакцинирам со вакцина од Истокот, веројатно ќе беше навреда, а сега излегува дека тоа е добра опција“, вели Пановски додавајќи дека во однос на вакцините можеме да се потпреме и на истокот и земјите како Индија и Кина кои се гиганти.

„На квалитетот на вакцината треба да се гледа како за некој друг бренд. Производите им се рамни на западните, се надевам дека и вакцините се такви, квалитетни. Според ова што го гледаме како се справува западот, не треба источните опции да се отфрлаат. Ако дојде кинеската вакцина утре, јас прв ќе се вакцинирам“ вели Пановски.

Министерот Филипче кажа дека се чекаат детали во однос на договорот, цената и испораката на вакцината од Кина, а најави дека до крајот на неделава ќе се знаат повеќе детали. Засега рокови нема и не се знае кога би пристигнале првите дози. Тој во емисијата „360 степени“ потсети дека повеќе европски земји најавуваат тужби за „Фајзер“ поради неисполнување на договорите, а кажа и дека не би требало да е проблем тоа што кинеските вакцини не се одобрени од Европската агенција за лекови.

„Нема сомнеж во квалитетот на вакцините бидејќи се сосема соодветни документите, сертификатите што сите производители на вакцини ги имаат од своите матични земји. Начинот на кој се евалуираат сите резултати од клиничките студии, процесот на изработка на вакцините, конкретно овие за кои зборуваме, е одлично познат на нашите експерти“, рече Филипче.

Сепак, вели дека земјава не се откажува од планираните дози преку Ковакс-механизмот, за што е најавен состанок в петок на кој треба да се прецизира кога и колкава количина вакцини ќе дојдат во земјите кои аплицираа преку овој механизам. Се чека и одговор на „Фајзер“ во делот на деталите од договорот и дозвола за количините кои треба да пристигнат од Србија. /МЕТА/

Next Post

Брестовац повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација

НАЈНОВО

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани

August 15, 2025

Кампања на МВР и РСБСП за безбедно возење е-тротинети

August 15, 2025

Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk