Началникот на генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денес отпатува за Брисел каде утре ќе присуствува на редовното заседание на Воениот Комитет на НАТО. Информацијата е објавена на официјалната Фејсбук грипа на Армијата.
Генералот Ѓурчиновски отпатува со воен авион од Софија заедно со својот колега, началникот на генералштабот на вооружените сили на Република Бугарија, адмирал Емил Ефтимов.