ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СОНК и МОН продолжуваат со преговарање за платите на наставниците

Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование и наука, продолжуваат со преговорите за зголемување на платите. Тие минатат недела имале средба, а ќе имаат и во наредните денови, но како што кажа ресорниот министер Арбер Адеми, не е разговарано за конкретни проценти за покачување на платите на наставниот кадар.

September 25, 2019 12:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование и наука, продолжуваат со преговорите за зголемување на платите. Тие минатат недела имале средба, а ќе имаат и во наредните денови, но како што кажа ресорниот министер Арбер Адеми, не е разговарано за конкретни проценти за покачување на платите на наставниот кадар.

СОНК одржа предупредувачки штрајк со барање платите на вработените во образованието да бидат зголемени за 25 проценти, или онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државата и даде рок до крајот на месец септември за усогласување со МОН, најавувајќи протести од октомври ако нема решение.

– Можеби оваа недела ќе имаме пак средба. Важно е дека има конструктивен дијалог, има сериозен пристап од наша страна за да има идно покачување на платата во дејноста образование. Но, конкретен процент на идно покачување на платите, досега  немаме понудено од наша страна. Така што, продолжуваат на најдобар можен и на најконструктивен начин преговорите за подобрување на материјалниот статус на сите вработени во дејноста образование, изјави Адеми.

Во врска со недостигот на учебници по некои предмети и во некои училишта, министерот рече дека учебниците кои имаат дозвола за употреба од минатиот период се во употреба, а во врска со учебниците по историја посочи дека за да има каква било промена треба да имаат, како што рече, финален став од меѓудржавните комисии и со Бугарија и со Грција, а тоа треба да помине и на Влада.

-Така што, евентуално за која било новина во содржините на учебниците јавноста ќе биде благовремено известена. Досега немаме некој финален исход од меѓудржавните комисии, рече Адеми.

Тој додаде и дека сите учебници кои МОН ги откупува од издавачките куќи веќе се обезбедени и дистрибуирани. Но,за учебниците за кои МОН го има ексклузивното право и за кое треба да определи оператор за печатење, јавната набавка е во финална фаза.

– Минатата недела имаше електронска аукција и треба да имаме оваа недела одлука за избор и да определиме кој ќе биде операторот. Во последниве четири или пет години не сме имале успешна јавна набавка во овој дел, бидејќи јавните набавки биле поништени или преку некоја втора инстанца или во судски процес, така што сме на добар пат и веќе постапката е заокружена, завршена. Електронска аукција имаше минатата недела, така што оваа недела треба одлука за избор поврзана со јавната набавка. Така што и тие учебници, како што е учебникот по историја и други учебници – мајчин јазик итн. што овие последниве четири-пет години не биле новопечатени, ќе бидат печатени и ќе се дистрибуираат, информираше министерот.

Адеми денеска присуствуваше на меѓународен семинар на кој учествуваа претставници од земјите со статус кандидати за членство во ЕУ, посветен на поврзаноста на образованието со пазарот на трудот.

На отворањето на семинарот тој информираше за реформите што Владата и МОН ги прави за модернизирање на стручното образование и обука. Двегодишно и тригодишното средно стручно образование, рече Адеми, е целосно реформирано и има повеќе од сто нови наставни програми.

– Четиригодишното стручно образование, исто така, е целосно реформирано, со повеќе од илјада нови модуларно дизајнирани наставни програми. Продолжуваме и со конкретни активности за поддршка на средните стручни училишта и за формирање реални училишни компании каде што МОН доделува конкретни грантови, како и во делот на опремување на средните стручни училишта. Овие активности ќе продолжат и во следниот период бидејќи подигнувањето на квалитетот на средното стручно образование е врвен приоритет на МОН и на Владата, истакна Адеми. 

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk