ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Интелигентниот транспортен систем на Коридор 10: Годинава на тендер, догодина ќе се стави во функција

January 28, 2021 10:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Програмата за економски реформи 2021-2023 година што беше донесена на вчерашната владина седница прецизно ја утврдува динамиката за реализација на Интелигентниот транспортен систем (ИТС) на автопатот долж Коридор 10, проект за кој „Мета.мк“ веќе подолг период наназад известува. Годинава треба да се забрза практичната имплементација преку распишување на меѓународниот тендер за изведба на Интелигентниот транспортен систем (комуникациско – информациски систем за контрола и управување на сообраќајот).

Притоа, во усвоената Програма се наведува дека во 2021 година ќе се потпише договор со изведувачот на ИТС на Коридорот 10, како и договор со фирмата што ќе го врши надзорот над работите. Инсталацијата на опремата и надзорот над работите ќе започнат на крајот на 2021 година, а целокупниот проект би се завршил и би се ставил во функција во 2022 година.

Имплементацијата на ИТС треба да овозможи на автопатот од Табановце до Гевгелија да се зголеми безбедноста во сообраќајот преку воведување на контрола и информирање на возачите за временските неприлики, за застој на патот, да се контролира транспортот на опасни материи и да се мери густината на сообраќај и тежината на товарни возила.

Со проектот вреден 18,6 милиони евра на автопатот од Табановце до Гевгелија ќе се инсталираат уреди за мерење на тежина на возила во движење, метеоролошки станици – системи за давање информации за временските услови на патот и за мерење на стакленичките гасови, ќе се постават камери за видео-надзор, СОС-телефони на патот и електронска сообраќајна сигнализација за информирање на возачите за условите на патот. Притоа, сите овие параметри за состојбата на патот деноноќно ќе се мониторираат од контролниот центар на Јавното претпријатие за државни патишта.

„Најголемото влијание се очекува да биде во зголемување на безбедноста и заштеда на времето за патување. Вкупното време на патување ќе се намали како резултат на координацијата на навремениот информатички систем за корисниците на патот долж Коридорот 10. Поради раното предупредување за можни застои од страна на системот, заштедите на време преку исклучување на доцнењата ќе им овозможат на корисниците да ги намалат нивните патни трошоци и според тоа Коридор 10 ќе биде
поконкурентен за користење, особено за меѓународен транспорт. Компаниите што вршат транспортни активности ќе имаат помали трошоци и намалено време на транспорт“, се наведува во Програмата за економски реформи 2021-2023 година во делот на придобивките од воведувањето на Интелигентниот транспортен систем.

Инаку, воведувањето на овој комуникациско – информациски систем за контрола и управување на сообраќајот на Коридорот 10 се одложуваше неколку години наназад. Од Владата во вчерашното соопштение пак велат дека проектите од Програмата за економски реформи 2021-2023 година се обврска и се дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес, а документот треба да се достави до Европската комисија најдоцна до крајот на овој месец.

 

 

Next Post

Метаморфозис стана дел од Движењето за ограничување на масовниот биометриски надзор над граѓаните

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk