ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Активни 8.667 случаи на Ковид-19, ќе се набавува најсофистицирана терапија за лекување

January 29, 2021 07:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

И покрај тоа што се бележи стабилизација на бројот на заболените од Ковид-19, вчера беа регистрирани нови 336  случаи. Сепак, надлежните остануваат на ставот дека вирусот е под контрола и најавија набавка на нова најсофистицирана терапија за ковид-пациентите.

Целата терапија за третман на ковид-пациенти кај нас веќе е достапна, а како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, дополнително ќе се набави нова терапија.

Поточно, Министерството за здравство вчера испратило писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти заболени од Ковид-19, со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”.

– Првпат во нашата земја ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земји, ќе биде и кај нас, истакна вчера Филипче. Овој лек ќе биде набавен со помош на кредит од Светска банка.

По потврдувањето на првиот случај на британскиот сој на вирусот, лекарите предупредуваат дека тој веројатно ќе стане доминантен во земјава поради поголемата способност за ширење.

Докторот Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“, каде што беше детектиран британскиот сој на Ковид-19, вели дека оваа варијација на вирусот веќе циркулира кај нас, а поради неговите особености најверојатно ќе стане се подоминантен, поради што треба да има постојан мониторинг со воведување нови методологии.

– Препораката од СЗО и Европскиот центар за контрола на заразни болести е барем пет отсто од сите позитивни изолати да се секвенционираат со цел утврдување на промената на соевите, а тоа ќе биде релевантно за самите стратегии за сузбивање на пандемијата, на пример дали ќе треба да се преземат порестриктивни мерки, бидејќи многу полесно се пренесува, дали ќе има влијание врз ефикасноста на вакцините, рече Кунгуловски.

Тој појасни дека за неколку месеци, британскиот сој ќе стане доминантен и во државава и во многу земји, бидејќи многу полесно се пренесува од претходните соеви.

Овој вирус, како што рече, еволуира многу побавно и најверојатно нема да има потреба од сезонска вакцина. Се смета дека се пренесува за 70 отсто побрзо од претходните соеви, односно доколку требало да се заразат десет луѓе ќе се заразат 17 луѓе.

-Иницијално излегоа податоци дека нема влијание врз смртните исходи, но сега излегуваат податоци за кои треба да се направат и подетални студии, не сакаме да креваме паника, има некои индикатори дека благо е зголемена и смртноста за 30 отсто. Но, за тоа да стане факт треба подетални студии кои ќе бидат рецензирани од експерти за да се излезе со таа информација, посочи д-р Кунгуловски.

Сепак, како што појасни, вакцините функционираат доволно добро и кон новите соеви на вирусот. При студиите се утврдило дека вакцините кои се неверојатно добри ги поминале сите фази на студии, имаат солидна ефикасност и ја неутрализираат појавата на сериозна болест при инфекција со коронавирусот.

Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава е 579, од кои во 334 во Скопје. Има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Од почетокот на епидемијата, во С Македонија се дијагностицирани 91 891 ковид позитивни лица. Оздравени се 80 393 пациенти, а починале 2831. Бројот на активни случаи изнесува 8667.

Next Post

„Јавна соба“ затворена, се трага по креаторите

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

(ВИДЕО) Десетици повредени и 37 приведени во протестите синоќа низ Србија

August 15, 2025

Сибиха пред средбата Трамп-Путин: Никакви одлуки во врска со мирот не можат да се донесат без Украина

August 15, 2025

Четириесет и пет уапсени во Вашингтон по одлуката на Трамп за испраќање на Националната гарда

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk