ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сојуз на средношколци: Скратени наставни програми беа и продолжуваат да бидат дел од нашите барања

January 31, 2021 16:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Сојузот на средношколци во денешната реакција до Министерството за образование и наука објаснува дека не се залагаат за укинување на државната матура, туку поради сегашната ситуација таа да биде изменета.

Државната матура, според Сојузот, треба да се полага по скратени наставни програми и методологии. Но, како што велат, тие програми треба да се однесуваат на сите предмети, а не само на неколку.

Од Сојузот напоменуваат дека скратените наставни програми беа и продолжуваат да бидат дел од нивните барања упатени до институциите.

-Сојузот на средношколци е согласен дека: „Министерството за образование и наука и Владата се должни (да) ја спроведат матурата за да обезбедат можности за сите над 14.000 ученици коишто ја пријави(ле) … да учат на факултет“. Меѓутоа, Сојузот не ја разбира потребата од ваква изјава, имајќи на ум дека ние не се залагаме за укинување на државната матура. Напротив, таа е клучен дел од нашето средно образование, соопштија од Сојузот.

Исто така, тие посочуваат дека без разлика на тоа што МОН додал дополнителни изборни предмети (географија и информатика) во сегашната концепција, тоо воопшто не го менува фактот дека учениците би полагале четири предмети, доколку МОН не ги прифати нивните барања.

-Претставници на Сојузот продолжуваат со нивното учество во работна група која ќе подготви нова концепција за државната матура. Но, МОН продолжува нашето учество да го третира како PR-потег. Сепак, Сојузот ќе продолжи да ја искористува секоја можност да учествува во создавањето на подобриот образовен систем, велат во соопштението.

Од Сојузот се согласни дека не бојкотираат само група матуранти, туку бојкотира големо мнозинство од матурантите и училиштата ширум земјава.

-Ние не ја бојкотираме матурата. Ние само го изразуваме нашето незадоволство околу тврдоглавоста на МОН. Министерството тврди дека „останува силен партнер на учениците и матурантите“ и дека „како и досега отворено и заеднички“ ќе дискутираат за предизвиците. Сојузот ова воопшто не го гледа, ниту пак делата на МОН го докажуваат истото. Сега активностите на Сојузот се пренасочија во Собранието, бидејќи само пратениците можат да го убедат МОН дека, како што самото Министерство вели, „е потребен разум и прифаќање на состојбите“, се наведува во соопштението на Сојузот на средношколци.

/МИА/
Next Post

Позитивна на Ковид-19 е и директорката на Нефрологија, Бушлетиќ – за два дена се заразиле сите 29 вработени

НАЈНОВО

Трамп рејтинг

Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

August 26, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп најави дека Пентагон ќе го врати името во Министерство за војна

August 26, 2025

Шукова: Нов стационар и комунална полиција наместо ад-хок мерки за бездомните животни

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk