ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковид калкулатор – Пресметај ја твојата ковид-возраст и ризик при заболување од коронавирусот

February 1, 2021 10:24
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на следниот месец се најавува целосно враќање на административните работници на своите работни места, а работодавачите и работниците од сите индустриски гранки во земјата и светот постојано се во потрага по одговорот на прашањето како правилно да го организираат работниот процес со цел ефикасно реализирање на работните задачи, но истовремено и зачувување на здравјето на секој работник, односно намалување на опасноста од ширење на коронавирусот.

Од Македонското здружение за заштита при работа, известуваат дека со цел да се даде одговор на прашањата кои работни места се со висок, а кои со среден или низок ризик, а во рамки на националната методологија која се базира на утврдување на ковид-возраст, во јавна употреба е пуштен ковид-калкулаторот, кој е достапен на следниот линк: http://62.162.94.3/covid-calculator/

Ковид калкулаторот како практична алатка за утврдување на ковид-возраста на секој работник, заедно со националната методологија се изработени од страна на Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) кое во соработка со Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) интензивно работи и на основање на центарот на знаење „Епи Ковид-19 БЗР центар“.

Резултатите се индивидуални, а за нивно добивање потребно е да внесете параметри за одредени заболувања, како и возраст, висина и тежина.

Што е ковид-возраст и зошто е важна?

Утврдувањето на ковид-возраста овозможува проценка на индивидуалната медицинска/клиничка вулнерабилност (чувствителност/ранливост) на секој поединец за развој на болеста КОВИД-19. Базирана е на публицирани медицински докази за главните ризик фактори и нивното влијание врз очекуваната тежина на клиничката слика и исходот на болеста. Како основа за оваа алатка е земена биолошката возраст на пациентите / работниците, од причина што досегашните докази укажуваат дека токму таа e најголем ризик фактор за компликации и смрт од КОВИД-19.

За да се пресмета ковид-возраста, се зема актуелната (биолошка) возраст на работникот и на неа се додаваат дополнителните години што се специфични за секој поединечен медицински фактор на ризик.

Ковид-возраста ги сумира сите фактори што влијаат на очекуваниот исход на болеста, вклучувајќи ги возраста, полот и различните здравствени проблеми кои ги има лицето за кое се однесува проценката. Функционира на принципот на „превод“ на поединечниот здравствен ризик фактор во години, кои се додаваат (или одземаат) од актуелните биолошки години (возраст) на лицето. На овој начин се добива „очекуван збир на години“ според кои понатаму се проценува ризикот дека едно лице ќе заболи и каков би бил понатамошниот очекуван исход од таа болест.

Оваа публикацијата насловена „Проценка на ризик на работно место при изложеност на Сарс-Ков-2 вирусот“ е издадена од страна на МЗЗПР и е достапна на следниот линк.

Ковид-калкулаторот е создаден за практична пресметка на ковид-возраста, а врз основа на публикацијата изработена од авторите: проф. д-р Елисавета Стикова, специјалист по медицина на труд; д-р Искра Кочева, специјалист по медицина на труд; м-р Милан Петковски, дипломиран инженер по ЗПР, д-р Тања Петрушевска Синадиновска, специјалист по медицина на труд и м-р Снежана Јанкова Петковска, дипломиран инженер по ЗПР.

 

 

Next Post

„Skopje Frames“ – меѓународен краток фестивал на филм во МКЦ

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk