-Детално го анализираме Извештајот на „Транспаренси“. Целосно ја прифаќаме реалноста. Впечатокот на граѓаните е на некој начин и наш впечаток затоа и, не го формиравме министерството како што вели Силјановска, туку делегиравме еден човек, еден мал тим кој ќе биде поддршка на сите институции за да го направиме тоа што не било направено цела деценија, рече вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител посочувајќи дека не години, туку децении наназад корупцијата се провлекувала во обвинителството, судството… како нормално живеење.
-Во однос на транспарентноста оваа влада покажа дека нема што да се крие, за разлика од 2015 кога бевме критикувани од секакви извештаи, кога илјадници евра се трошеа по кафани, хотели, во странство… Сега секоја чаша вода ни се брои! – посочи Николовски.
-Сега кога отвараме широк фронт против корупцијата и криминалот се јавува ваков отпор за повторно да го заштитат криминалот и корупцијата, незаконитото работење и неодговорноста на фукнционери, дополни вицепремиерот.
Николовски информираше дека годинава е триплиран е буџетот на Антикорупциската комисија, а сите институции кои треба да се борат против корупција се очекува дигитално да се поврзат за поголема ефикасност во борбата против корупцијата.