ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

„Ромалитико“ ја изрази својата загриженост за начинот на комуникација на социјалните мрежи

February 6, 2021 11:52
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Од анализата на тема говор на омраза забележуваме користење не само на навредливи зборови, туку и на фашистички изрази кои треба да бидат забранети. Користењето на фашистичките изрази кон ромската заедница е зачестено, особено користењето на изрази поврзани со Холокаустот и тоа изрази кои го оправуваат и повикуваат на негово повторување, истакнаа кд Институтот за Истражување и Анализа на Политики – „Ромалитико“, изразувајќи ја својата општа загриженост за начинот на комуникација на социјалните мрежи во нашиот македонски виртуелен простор.

Од „Ромалитико“ посочија дека изразите „полека, полека ќе биде четврти Рајх кај и да е…” или „само Хитлер за вас Циганите” се израз на историското незалагање на државните институции за оттргнување на расистичките размислувања кон ромската заедница.

– Ширењето на антициганистичките идеи е слободно во нашето општество бидејќи никој не сноси одговорност за користење на таквите изрази иако нашиот Кривичен Законик криминализира ширење на расна и верска нетрпеливост, супериорност, вклучително и одобрување и оправдување на геноцид, нагласија од Институтот.

Препораките на Европската Комисија од последниот извештај, според  „Ромалитико“ се однесуваат на подобрување на легислативата во однос на говорот на омраза која ќе обезбеди заштита од говорот на омраза, собирањето на дата и податоци во однос на говорот на омраза и дискриминаторскиот говор и уредување на онлајн медиумите. Истакнато е, како што наведоа, дека Северна Македонија се уште нема адекватна заштита против говорот на омраза и дискриминаторскиот говор.

– Меѓутоа дали заштита против говорот на омраза и дискриминаторскиот говор е доволна за заштита на ромската заедница? Под претпоставка и да се конкретизираат генерално и широко поставените одредби кои го криминализираат говорот на омраза, сепак останува дилемата дали одредбите повторно ќе дадат заштита на ромската заедница се додека ширењето на антициганизмот како посебен вид на расизам и антициганистички идеи и концепти не бидат криминализирани во Кривичниот Законик, потенцираа од „Ромалитико“.

Од таму наведоа дека по случајот „Јавна Соба”, за којшто Институтот за Истражување и Анализа дава целосна поддршка, се воведе можноста за отворање на Кривичниот Закон за внесување промени.

– Сметаме дека со отворање на Кривичниот Законик може да се отвори дебата за повеќе недостатоци, како и конкретна дебата во однос на внесување на антициганизмот во законикот, потенцираа од „Ромалитико“./МИА/

Next Post

Пладневен преглед: Важно е процесот на вакцинација да има континуитет, нов деловник за работа на Собранието, владата ги објави фирмите кои не исплатиле помош

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk