ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стерјовски успеа од мртва точка да ја помести легализацијата на дивоградбите во општина Пустец

February 8, 2021 14:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, успеа да прокнижи уште еден успех во надминување на проблемите со кои се соочуваат Македонците во Албанија.

Овој пат тоа е проблемот со легализацијата на диво изградените функционални објекти во општина Пустец, за што на 23-ти минатиот месец до албанското Собрание поднесе барање за интерпелација со премиерот Еди Рама и на седница да даде објаснувања во врска со проблемите на сопственоста и процесот на легализација во општина Пустец.

Тој денеска во обраќањето на пленарна седница на законодавниот дом информираше дека администрацијата на Собранието го известила дека интерпелацјата што ја побарал од премиерот Рама не може да се реализира поради одлуката на Државната изборна комисија, со која се забранува во период од четири месеци пред избори одржување јавни активности и доделување на решенија за легализација.

-И покрај тоа што интерпелацијата со премиерот нема да се одржи, барањето ја постигна својата цел, бидејќи како што бев информиран, Дирекцијата на Државната агенција за катастар Корча ја извести општина Пустец дека нивните тимови ќе започнат со проверка на објектите што треба да се легализирааат во Преспа. Покрај легализацијата на дивоградбите, одговорните институции мора што побрзо да го решат и проблемот со хипотеката на земјоделски имот во општина Пустец, рече Стерјовски.

Според него, општина Пустец е единствената општина во Република Албанија каде ниту еден објект изграден без одобрение не е легализиран, како оние од пред 1991 година така и оние изградени потоа. Веќе 30 години на жителите на македонската заедница во општина Пустец им е ускратено правото да ги легализираат објектите, иако во споредба со другите општини тука, бројот на дивоградби е многукратно помал.

 

/МИА/
Next Post

НАТО преку Словак еид ни донира четири респираторни машини

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk