ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поздравено е лидерството на премиерот Заев, Словачката Република го поддржува напредокот на државава кон ЕУ

February 8, 2021 14:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Никола Димитров, се сретна со Иван Корчок, министер за надворешни и европски работи на Словачката Република, дознаваме од владини служби.

На состанокот е поздравено лидерството на премиерот Заев во решавањето на прашањата од важност за евроатлантските интеграции, како и во напредокот на нашата држава. Соопштено е дека е препознаен реформскиот развој во сите области во земјава и е најавено дека Словачката Република ќе продолжи да го поддржува развојот на државава и напредокот кон ЕУ.

На средбата е изразена заедничка согласност дека продолжувањето на проширувањето на ЕУ е од значење и за Унијата и за целиот Западен Балкан и е реафиримиран ставот на Словачка дека билатералните прашања треба да се решаваат независно од европските процеси.
„Наша стратешка цел се евроинтеграциите и тоа го покажува поддршката на граѓаните за евроинтеграциите. Посветени сме на европеизација на државата дома, а на европски начин, низ дијалог и меѓусебно разбирање работиме на прашањата што се во полза на добрососедството.  2020 година беше значајна година за нас, кога станавме членка на НАТО и е донесена одлуката за почеток на преговорите со ЕУ. Тоа отвори простор да се фокусираме на економскиот развој, преку помош и поддршка на граѓаните и стопанството – и во време на пандемијата бележиме раст на просечната плата, како и на нови инвестиции“, рече премиерот Заев.
На состанокот е заеднички потврдено дека владеењето на правото во секоја држава значи сигурност и за граѓаните и за инвеститорите и дека е меѓу важните предуслови за развој.
Премиерот Заев и словачкиот министер Корчок оценија дека билатералните односи помеѓу двете држави се добри на политички план, како и е дека постојат можности за унапредување на соработката на економски план.
Претседателот на Владата, Заев, се заблагодари на словачката Влада и на граѓаните на Словачка за денешната донација на 4 модерни и технолошки софистицирани респиратори во вкупна вредност од 100.000 евра, за донацијата од 200.000 евра преку ЕУ механизмот за цивилна заштита во октомври 2020 година, како и за пријателската поддршка од Словачка на Република Северна Македонија, во сите области.
Next Post

Предлог законот за лобирање во прво читање помина во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk