ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предлог законот за лобирање во прво читање помина во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

February 8, 2021 15:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со девет гласа „за“, без против и воздржани Предлог законот за лобирање помина на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во прво читање.

Заменик министерот за правда, Агим Нухиу, на седницата ја истакна потребата од донесувањето на овој закон, кој е со европско знаме и ја образложи неговата содржина. Законот, како што појасни Нухиу, се состои од 38 члена во 9 поглавја и го регулира лобирањето на транспарентен и чесен начин.

– Според законот, со внатрешни акти ќе се определува процедурата, поточно, правилата каде што се регулира идентификацијата на лицата кои што имаат реализирано контакти со институциите, процесот на одобрување и изменување на политиките односно програмите, законите или подзаконските акти или другите акти кои што опфаќаат објавување на податоците на идентитетот на сите учесници во овие процеси, појасни Нухиу.

Пратеникот Панчо Минов од СДСМ се надоврза на заменик министерот Нухиу и истакна дека овој закон за лобирање е од општествено значење за остварување на функциите на законодавниот дом, од аспект на правилно однесување во процедурите на подготовка, расправа и одлучување, односно гласање во донесувањето на законите во Парламентот.

Пратеничката Благица Ласовска, изјави дека законот се носи доцна но никогаш не е доцна за некои нешта да бидат појасни. Таа не се согласи со изјавите на министерот Нухиу, дека јавната свест за овој закон не е на високо ниво.

– Не знам дали овој закон ќе го сфатиме како лобирање, или, како специјален третман на пратеници кон пратеници или надворешните лобисти во однос на лобирање за смена на името по неуспешен референдум во парламентот, рече Ласовска.

Снежана Калеска Ванчева од СДСМ истакна дека широко во општеството е распостранет неформален начин на лобирање кој е тесно поврзан со корупцијата

– Ако имаме општествено политички консензус треба да дискутираме за конкретни механизми како лобирањето да го ставиме во законска рамка која не треба да биде премногу строга бидејќи станува збор за лобирање, да има доволно слобода но, и доволно законска рамка, која јасно ќе укажува дека сме развиле процес на развивање ефикасни и ефективни комуникации со оние кои што имаат моќ на одлучување, нагласи Калеска Ванчева.

Според неа, овој закон има одлична основа и ги инкорпорира препораките од Греко, експертите и Европската Комисија.

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова, од друга страна, истакна дека овој закон не може да оди со европско знаме, бидејќи во европски рамки може да наброиме само неколку држави во кои постојат закони за лобирање.

– Овој закон не е појава која што е општо прифатена, туку има и студии, дека во многу европски држави, на овие закони се гледа со дилема, бидејќи се смета дека се озаконила опасноста од корупција, криминал и влијание врз претставничките тела, образложи Силјановска Давкова.

По репликите поголемиот дел од пратениците беа согласни дека овој закон подробно ја дефинира законската рамка и ингеренциите на лобистите.

Предложениот закон содржи одредби со кои лобирањето се регулира ориентирано кон принципите на отвореност, транспарентност, чесност, интегритет и заштита на угледот на институциите и лицата кај кои се лобира.

Предвидени се балансирани обврски во обезбедувањето на информациите кои се објавуваат за лобирањето и проактивност на институциите во објавување на податоци, заради зголемување на транспарентноста по однос на лицата кои би можеле да влијаат врз процесите на подготвување, донесување и изменување на јавни политики односно програми, закони, подзаконски или други општи акти, со цел да се превенира прикриеното лобирање.

 

/МИА/
Next Post

Аргар: Нема докази дека вакцината на АстраЗенека не е ефикасна, Јужна Африка само привремено ја прекина употребата

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk