ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ добитник на наградата „ЛУКС 2019“ за филм на Европскиот парламент

Покрај „Господ постои, името и  е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска за наградата во финалната трка се најдоа се уште и  „Нерешениот предмет Хамарскјилд“ на Мадс Бругер (Данска / Норвешка / Шведска / Белгија), и „Ел Реино“ (Шпанија / Франција) од Родриго Сорогојен.

November 27, 2019 15:14
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

 Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ на Теона Митевска Стругар ја доби наградата „ЛУКС 2019“ за филм на Европскиот парламент, која беше доделена на свечената церемонија во хемисиколот на Европскиот парламент, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Прв пат откако е воведена наградата Лукс за филм на Европскиот парламент пред тринаесет години, македонски филм е добитник на оваа награда. Филмот „Господ постои, името и  е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска е копродукција меѓу Северна Македонија, Словенија, Белгија, Хрватска и Франција.

Покрај „Господ постои, името и  е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска за наградата во финалната трка се најдоа се уште и  „Нерешениот предмет Хамарскјилд“ на Мадс Бругер (Данска / Норвешка / Шведска / Белгија), и „Ел Реино“ (Шпанија / Франција) од Родриго Сорогојен.

Инаку, годинава меѓу десетте филмови кои беа во селекцијата за наградата ЛУКС2019, од кои беа избрани трите финалисти, имаше уште еден македонски филм „Медена земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, што само зборува за квалитетот на македонската филмска продукција.

Наградата од рацете на претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли ја прими, режисерката Теона Стругар Митевска во присуство на главната актерка која ја игра улогата на Петрунија Зорица Нушева и актерката и продуцент на филмот Лабина Митевска.

При добивањето на наградата Теона Стругар Митевска рече дека „Петрунија, благодарејќи на својата отпорност и храброст допре толку многу срца“.

-Јас често сум критикувана во Македонија од политичарите, бидејќи сум многу политички, тоа е вистина бидејќи како автор сум заинтересирана за тоа што се случува во моето општество. Моја е должност да зборувам за проблемите за кои никој не се осмелува да зборува, рече таа.

Притоа, се обрати до европратениците барајќи да ги бранат правата на слобода и на збор на уметниците и авторите.

-Јас сум жена, јас сум Македонка, јас сум европјанка, иднината на Европа е во солидарноста во инклузијата, а не во ексклузијата, рече Стругар Митевска од говорницата на Европскиот парламент.

Претходно, заедно со екипите на уште двата други филмови-финалисти екипата на „Петрунија“ учествуваше на семинарот на Наградата ЛУКС, во присуство на Олег Сенцов, режисер и добитник на наградата Сахаров 2018 за слободата на мислење, која му беше врачена вчера.

За Наградата „ЛУКС 2019“  гласаа европратениците, оние кои ги видоа филмовите, всушност тие се финалното жири за наградата, откако филмовите беа селектирани од филмски професионалци од земјите членки на ЕУ. 

Европскиот парламент ги покрива трошоците за титлување на трите финални филмови на 24 официјални јазици на ЕУ и изработува дигитална копија на филмовите за секоја од земјите-членки.

ЛУКС наградата за кино е посветена на промоција на европското кино и има за цел да го поддржи ширењето на европските продукции и да ја стимулира  дебатата на ниво на целиот континент за главните политички и општествени теми. Таа беше доделена прв пат во 2007 година. Победничкиот филм ќе биде адаптиран за лица со оштетен слух или оштетен вид и ќе добие дополнителна промоција. 

Next Post

Товарно возило со 26 мигранти излета од пат пред Куманово

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk