ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Комисијата за транспорт и врски го усвои предлогот за измени во Законот за електронски комуникации

February 11, 2021 15:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за транспорт и врски едногласно го усвои Предлогот за измени на Законот за електронски комуникации, во прво читање. Измените на Законот се прават поради усогласување со Меморандумот за соработка за безбедност на 5Г со САД, потпишан 2020 година, со Меморандумот за разбирање во рамките на Балканскиот процес, како и со директивите на ЕК.

Измените на законот ги образложи заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, кој рече дека нивната цел е да ограничат или наметнат специфични барања и услови базирани на процена на ризик во однос на снабдувањето, работењето и употребата на опремата за електронските комуникациски мрежи.

– Меѓу другото, земајќи ги предвид и безбедноста на критичните и чувствителни делови на електронските комуникациски мрежи, безбедноста на самата опрема и околина, како и ризик од инволвирање на трета земја во ланецот на снабдување со опрема за електронските комуникациски мрежи во насока да се елиминираат можните ризици за националната безбедност, рече Бајдевски.

Со предложените измени на Законот се прави процена на профилот на ризик кај добавувачите и производителите на опрема за електронски комуникациски мрежи.

– Агенцијата за електронски комуникации во соработка со Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти прави процена на профилот на ризик за добавувачите и производителите на мрежна опрема на национално ниво. Се наметнува обврска на операторите, со цел да имаат воспоставени процедури, и треба да преземат мерки и соодветна контрола, со цел ефикасно управување со потенцијални ризици, како што се специфичните побарувања на добавувачи и производители, согласно со нивниот профил на ризик, преку соодветна автентикација, авторизација, евидентирање на записи и проверка со цел да се има јасна евиденција на пристапот до податоците и конфигурациските промени на мрежните елементи, објасни Бајдевски.

Со Предлог измените на Законот за електронски комуникации се обезбедува безбедно управување, работа и мониторирање на електронските комуникациски мрежи, како и контрола кога надлежностите за одржување на мрежната опрема е пренесена на друго лице.

Заменик-министерот појасни дека со овие измени ќе се има предвид вкупниот ризик на влијание врз снабдувачот и производителот од трета земја, особено во врска со нејзиниот модел на управување, отсуството на договори за соработка за безбедност или слични аранжмани.

 

/МИА/
Next Post

Постапката за НАТО безбедносен сертификат за Спасовски е во тек, за министерот за правда ваков документ не е потребен, велат од Владата

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk