Претседателот Александар Вучиќ ќе го врачи на премиерот Зоран Заев првиот контингент вакцини кои Србија и ги донира на Северна Македонија, на граничниот премин Табановце.
Настанот за примопредавањето е во 10 часот.
Претходно и покрај најавата, примопредавањето беше откажано од технички причини.
Според првичните најави Србија треба да ни даде 8.000 дози од производителот Фајзер/БионТек.