ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќучук идната недела во посета на Северна Македонија

February 14, 2021 12:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук наредната недела ќе престојува во посета на земјава. Ќучук ова го објави во интервју за Канал 5 ТВ, во кое вели дека доаѓа во Скопје на средби со државнио-политичкиот врв во земјава.

Најави средби со претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на Парламентот, Талат Џафери, со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, со координаторите на политичките партии во Парламентот.

-Постои потреба од разговори, затоа што патот на реформите треба да продолжи, рече Ќучук.

Од средбите очекува конкретни ангажмани, кои Владата на Заев и досега ги демонстрирала на патот кон членството во ЕУ.

-Очекува продолжување на реформите во пресрет на гласањето на извештајот за Македонија во Европскиот Парламент и сакам да добијам појасна слика и детална информација за реформите, кои претстојат во земјата. Во однос на билатералните односи секогаш сум кажувал дека тие треба да се решаваат меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија. Има нарушен дијалог. Важно е да се вратиме повторно кон Договорот од 2017 година, нагласи Ќучук.

Додаде дека исклучително во тој Договор е што се дава можност за разговор за заедничкото минато, кој како што рече, воопшто не е лесен, но со него се поставуваат темелите за заедничката иднина.

На прашањето како бугарски државјанин дали гледа оправданост во ставовите на Софија, Ќучук вели дека двете земји се пријатели, народи се пријатели и потребно е да се направи се што е можно да се приближат кон ЕУ.

-Говорејќи за историјата таа не треба да не одвлекува од разговорот за иднината. Инфраструктурните, образовните и културните проекти треба да продолжат. Имаме потреба да знаеме повеќе за себе си и затоа јас секогаш сум кажувал и ќе продолжам да говорам за медиумските проекти, нагласи тој.

Next Post

Маричиќ одобрил формирање на „Македонска преродба“ и „Лидија Македонка“, кој стои зад хајката со лажни вести?

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk