Славјанка Петровска од СДСМ во емисијата 24 анализа вели дека дека нема да има купување на време и нивниот став е веќе соопштен.
„Ставот на СДСМ е јасен и рековме дека сме овој закон да влезе во собраниска процедура, дека ќе го поддржиме со мали измени. Тие мали измени сме подготвени да ги образложиме. Ние реков дека сме за овој закон да влезе во законска процедура потребни се мали измени впрочем ние предложивме два амандман и најавуваме уште еден за да се допрецизира за тоа дали ќе биде задолжително запишувањето на етничката определба во личната карта, односно ние бараме тоа да не биде задолжително затоа што ќе се коси со Уставот, изјави Петровска.
Петровска вели дека за тоа со аргументи и дебата ќе дискутираат за тој амандман во Собранието. Вели дека без разлика дали ќе се усвои или не тој закон, тоа не значи дека ќе бидеме поголеми или помали македонци и дека тоа е политика на минати времиња.