ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Снегот во Атина почна да се топи, проблемите останаа

February 17, 2021 10:31
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поради пад на над 800 дрвја врз кабли на грчката електродистрибуција, според процените во грчките медиуми, околу 250.000 домаќинства во областа Атика, особено во северниот дел, имаат проблеми со струјата, а надлежните утрово рекоа дека до вечер ќе се санираат дефектите во снабдувањето со електрична енергија, јави дописничката на МИА од Атина.

Снегот во Атина што го донесе невремето „Мидија“, полека се топи, но зад себе остави сериозни проблеми кои надлежните од вчера се обидуваат да ги санираат.

Беше активирана и војската за да им помогне на терен на екипите на Операторот на мрежата за дистрибуција на електрична енергија, од каде што велат дека заклучно со вчера, нивните екипи, главно во северните предградија на Атика, интервенирале за сечење на над 800 дрвја што паднале врз мрежите и предизвикале штета на најмалку 85 линии на среден напон.

Во одредени делови на Атика, особено во северните предградија, постојат домови кои веќе трет ден се без струја, а проблеми имаше и во снабдувањето со вода.

Рано утрово заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас одржа нов состанок за ситуацијата со невремето и рече дека до вечерва ќе биде саниран поголемиот дел од дефектите во снабдувањето со електрична енергија.

Претседателот на  Операторот на мрежата за дистрибуција на електрична енергија Анастасиос Манос, по состанокот рече дека проблеми имало во повеќе делови на Грција, а не само во Атина, објасни дека во изминатите два дена имало околу 84-85 дефекти на централните линии за снабдување со среден напон, а половина од штетите веќе се санирани.

-Кога 800 дрвја се паднати врз мрежата значи дека на секои две минути паѓа по едно дрво врз мрежата и предизвикува штета. Јасно е дека без оглед колку брзо и да се обидуваме да ја санираме штетата, бројот и зачестеноста се огромни, рече Манос и додаде дека прават сѐ што можат за колку е можно поскоро да се санираат дефектите.

Според противпожарната служба на Грција во изминатите 24 часа интервенирале во 1.529 случаи за помош.

Автопатот Атина Ламиа што беше затворен од понеделник во 19 часот, по 36 часа утрово повторно беше отворен.

Снегот предизвика проблеми и во процесот на имунизација во областа Атика, вчера беа откажани сите закажани термини за вакцинација, а денеска наместо од 8, ќе почнат од 12 часот.

Next Post

Првата вакцинирана Јовановска: Се чувствувам одлично, аплицирањето на вакцината е безболно, препорачам сите да ја примат

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk