ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хавзиу: Немаме механизам да провериме дали дел од платата се враќа на работодавачот

November 28, 2019 14:49
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

 Државниот инспекторат за труд нема механизам да докаже дали работодавачот им ги бара назад парите на вработените за зголемената минимална плата. Таквите случаи, како што рече денеска директорот на Инспекторатот, Аљајдим Хавзиу, треба да се пријават кај истражен орган, пренесе МИА.


-Немаме механизам за да докажеме дека работодавачот ги барал парите назад од вработените. Ние не сме истражен орган. Ретко доаѓаат луѓе и се жалат, но ние им укажуваме дека не сме орган кој тоа ќе го детектира и докажува. Има истражни органи во МВР, мислам дека таму треба да се пријавуваат иако тоа се веќе ретки случаи. Мал е бројот на работници, тоа е веќе луксуз. Се менува сликата последните три-четири години со одливот на луѓе надвор, рече денеска директорот на Инспекторатот, Аљајдим Хавзиу, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето меморандум за соработка со Сојузот на стопански комори.


Во врска со К-15, Хавзиу истакна дека работниците се повеќе се охрабруваат и доставуваат претставки.


– Последниве години повеќе вработени се осмелуваат да пријавуваат и тоа е радосната вест, не дека работодавачите не исплаќаат. Има одлични компании, но има случаи кои не пријавуваат. Лани имавме над 1.000 претставки. Повеќето се однесуваа на тоа кој да исплати К-15 ако работникот шест месеци работел на едно, а шест месеци на друго место. Тука има највеќе претставки, но ние успешно ги решаваме. Очекуваме овој период да има повеќе претставки по тој основ, рече директорот.


За изречени казни, пак, за нерегистрирани фирми, соопшти, се уште нема точна бројка. Глобата, според Законот, е до 4.000 евра.


– Ако се плати во рок од осум дена, пола од таа сума е казната. Немаме точен податок на колку фирми е изречена казна, но од аспект на Трудовата инспекција и носењето решение е вид казна, не мора секогаш да се работи за глоба. Ако не се постапи по решението на инспекторот, се разбира дека ќе се примени и казна, истакна Хавзиу.

Next Post

„Меѓу стремежите и реалноста“ – истакнати лидери од граѓанскиот сектор на дебата за клучните предизвици за активизмот и општеството

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk