ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворен прв општински младински центар „Матично“ во општина Центар

February 17, 2021 14:32
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На локација на која се наоѓаше некогашното матично, денеска беше отворен првиот Општински младински центар, кој симболично ќе го носи називот „Матично“. Новотворениот Младински ценатар ќе биде наменет за едукативни, културни и забавни настани за младите. Концерти, изложби, работилници, дебати и филмски проекции, ќе бидат само дел од предвидените активности во овој објект.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ истакна дека на младите центарци ова место ќе им понуди одлични услови, забава и едукација како и дека конечно ќе имаат простор кој ќе биде во нивна сопственост.

– Објектот на матично располага со голема конференциска сала која ќе се користи за одржување едуктивни и културно забавни настани центарот ќе има и читална, како и соба за релаксација. Доопремувањето ќе биде во зависност од тоа каква опрема ќе побараат самите организации, а ние како општина дополнително ќе вложиме средства. Многу сум задоволен што на иницијатива на градоначалникот на Град Скопје, но и на колегите и дел од луѓето кои што имаат спомени на ова место, успеаа да го задржат изгледот кој што го имавме на вредниот мебел, по кој беше препознатливо старото матично, изјави Богдановиќ.

Според него, целта на името е луѓето да се сеќаваат на старата просторија во која го кажале судбоносно „да“.

На церемонијалното отварање присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, според него ова е доказ за градење на инклузивно општеството.

– Горд сум што првиот ваков центар е баш во срцето на градот, градот Скопје и тоа како интензивно ги подржува младите во нашиот град. Ние неколку пати до сега ги имаме зголемено буџетските средства со кои ги подржуваме нашите млади од областа на спортот, културата, ги подддржуваме добрите ученици со стипендии и тоа се вистинските политики кои ќе ја подобрат иднината. Сметам дека младите треба да се вклучат во ваквии центри затоа што нивните активности ни помагаат на нас кои што ги водиме институциите и во нашите перспективи, изјави градоначалникот Шилегов.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски потенцира дека овој простор треба да биде пример и за останатите општини, да вложуваат во младинските центри преку кои ќе се подобрува стандардот кaј младите.

– За мене е чест и задоволство што заедно ги издигнуваме интересите на младите на највисоко ниво, подготвени да ги реализираме нивните цели, нивните барања и нивните права. Навистина ми е драго што Општина Центар го отвора овој младински центар во кој младите ќе организираат и реализираат својот потенцијал, ќе разменуваат идеи и со тоа ќе учествуваат во процесите на донесување на одлуки од кои тие се засегнати, рече Мојсоски.

Младинскиот центар „Матично“ е конципиран согласно европските стандарди, а просторот ќе биде целосно инклузивен и ќе овозможи пристап за лицата со посебни потреби.

 

/МИА/
Next Post

Средба на министерот Спасовски со директорот на Фондот за иновации

НАЈНОВО

Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

„Ле Каландре“ од Италија е најдобар ресторан во светот за 2025

October 27, 2025
Фото: МИА

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk