ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДЗР: Проблемот со загадувањето на воздухот бара системски интегриран пристап од сите засегнати

February 17, 2021 17:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Проблемот со загадувањето на воздухот во земјава бара системски интегриран пристап од сите засегнати страни (институциите на централно/локално ниво, приватниот сектор и граѓаните) на подолг рок. Преземените активности во последните три години иако претставуваат позитивен чекор, не се постигнати посакуваните ефекти во намалување на загадувањето на воздухот. Надзорот и контролата се на ниско ниво, а се уште многу мал дел од буџетските средства на централно и локално ниво се издвојуваат за реализирање на мерките содржани во планските документи, поради што тие во најголем дел остануваат не спроведени.

Ова се наведува во конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Квалитет на воздухот – кооперативна ревизија“, што е објавен денеска на веб-страницата на Државниот завод за ревизија (ДЗР). 

ДЗР изврши ревизија на спроведувањето на дадените препораки содржани во Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на успешност од 2017 година на тема „Квалитетот на воздухот’ со цел да се оцени степенот на имплементација на препораките и соодветноста на преземените мерки.

-Со ревизијата утврдуваме дека од десет препораки дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор, една препорака е спроведена, три препораки се во тек на спроведување, четири препораки се делумно спроведени и две препораки не се спроведени. Со новата поставеност на Интерсекторската група за квалитет на воздухот е подобрена институционалната соработка, управувањето и координирањето на централно и локално ниво, а со укинување на Комитетот за јавно здравје е избегнато преклопувањето на надлежностите на двете тела кои во претходниот период на ревизија имаа слични надлежности, се наведува во Извештајот, соопшти ДЗР.

Се дополнува дека институциите кои се главни носители за креирање и спроведување на политиките за подобрување на квалитетот на воздухот на централно и локално ниво и понатаму се соочуваат со недостиг на соодветен, постојан и стручен кадар. Во Министерството за животна средина и просторно планирање во тек се проектни активности за воспоставување на национален информативен систем за животна средина, кои треба да се реализираат до март 2021 година, што ќе обезбеди интегриран систем и пристап до податоците од повеќе медиуми (воздух, вода, почва и др.) Предложени се измени и дополнувања на Законот за квалитет на амбиентниот воздух, кои треба да овозможат преземање брзи и ефикасни мерки, лоцирање на одговорноста и соодветни казни за неспроведување на мерките предвидени во планските документи за подобрување на квалитетот на воздухот.

– Од вкупниот број надзори во 2017, 2018 и 2019 година, и понатаму незначителни 1 отсто извршени се по Законот за квалитетот на амбиентниот воздух. Со методологијата за проценка на ризик при вршење на инспекција во животната средина, која е во тест фаза на имплементација, како и со Предлог-законот за инспекција во животната средина кој е во процедура на донесување се нудат соодветни законски решенија во однос на функционирање единствен систем на инспекција во животната средина на целата територија на земјава, стои во Извештајот.

Средствата кои се издвојуваат за финансирање на мерките во планските документи на централно и локално ниво не се доволни за намалување на загадувачките супстанци. Според податоците од ДЗС, учеството на инвестициите и трошоците за заштита на воздухот во БДП во извештајниот период 2017-2019 година е намалено во однос на претходните години и изнесува 0,03 отсто, а во вкупните инвестиции и трошоци за животната средина учествуваат со 2 отсто за 2017 и 2018 година, односно 2,6 отсто за 2019 година. Ова е причина, што и понатаму просечните годишни концентрации на РМ 10, во голема мера ги надминуваат утврдените гранични вредности во сите мерни станици, освен станицата во Лазарополе.

-Иако е констатиран одреден напредок во однос на изработката на планските документи на локално ниво (покрај плановите за агломерација Скопски регион и општините Битола и Тетово, донесени се планови и за општините Струмица, Велес и Кичево), и понатаму најголем број на општини каде нивоата на загадувачки супстанции ги надминуваат граничните вредности немаат изготвено планови за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух. Поради недоволниот административен капацитет на надлежните институции, мониторингот над имплементацијата на мерките во планските документи се врши нередовно и нецелосно, односно ад хок и по барања од засегнатите страни (ЕУ, медиуми и граѓанскиот сектор). И понатаму, не е обезбедена целосност на податоците за Катастарот на загадувачи од причина што повеќе од 50 отсто од операторите кои поседуваат А и Б интегрирани еколошки дозволи немаат доставено податоци, се наведува во Извештајот.

За надминување на утврдените состојби, од страна на ревизијата дадени се насоки за понатамошно постапување на Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина и ЕЛС за: зајакнување на административниот капацитет, донесување на предложените законски решенија за квалитетот на амбиентниот воздух и инспекцискиот надзор во животната средина, воспоставување на сеопфатен Национален информативен систем за животна средина и целосна база на податоци за Катастарот за животна средина, систем за подготовка и следење на планските документи и обезбедување на потребните финансиски средства за нивна реализација. /МИА/

Next Post

Попладневен преглед: Великанот Славко Јаневски и матурантот Мухамед Али Јашари кој загина спасувајќи соученик, на листата на Град Скопје за промена на имињата на улици и објекти...

НАЈНОВО

Отворен е рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк

October 31, 2025

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Во Аеродром постои силно опозициско расположение, да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

October 31, 2025

Пет Нетфликс филмови достапни во Македонија што совршено ќе ја погодат атмосферата за Halloween

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk