ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Поделеност околу барањето етничката припадност да стои во новите лични карти

February 19, 2021 07:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во државата има различни ставови од политичките субјекти дали етничката припадност треба да стои во новите лични карти или не. За едни тоа е потребно, за други, пак, не постои такво нешто во светската практика.

Додека претседателот на државата Стево Пендаровски не се согласува етничката припадност да биде во личните карти зашто вели тоа го нема во ниту една демократија во светот, премиерот Зоран Заев смета дека е логично понекогаш да имаат различни ставови со претседателот за некои прашања иако веруваат во исти вредности.

-Не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност. Мене не ми пречи, не мислам дека тој закон ако биде донесен со таква одредба ќе ја растури државата, ниту дека ќе има негативни последици. Лично не се согласувам, но ако го изгласаат во таков облик, јас ќе го потпишам указот иако не се согласувам тој детаљ да стои во личните карти, вели Пендаровски.

Според Заев, добро што претседателот ќе го потпише указот ако мнозинството одлучи и го донесе законот.

-Понекогаш и ние што веруваме во исти вредности за некои аспекти сме различни и тоа е многу логично. Сепак, претседателот е прв во државата, ова за мене е вредно за внимание, нормално на првиот состанок ќе разговараме за аргументациите. Ќе се води грижа за сите етнички заедници во државата, но државјанството е една карактеристика што е задолжителна во сите документи, а никаде не е забрането, ниту ограничено да биде и етничката припадност, порача вчера Заев.

Потсети дека политичката партија Беса го дала и го аргументирала законскиот предлог уште во 2019 година кога се носеле уставните измени, и оти се работи и за даден збор во рамки на владејачката коалиција.

-Беса тоа го побара, тогаш ги дадоа своите аргументации, тогаш јавно и како тогашна Влада објавивме дека ова е прифатливо, секако се консултиравме и е во духот на Преспанскиот договор. Личната карта е документ за идентификација, а во мултиетничко општество, кога помалите етнички заедници се гласни ние не смееме да останеме неми. Не губи најголемата заедница, Македонците, ништо, ќе бидат впишани Македонци, Албанци, ќе бидат впишани сите, рече Заев.

Истакна дека аргументациите ги разгледувале со стручните служби, ги проверувале и низ Преспанскиот договор.

-Важно е да се почитува до крај државјанството, каде што стои македонско/граѓани на Република Северна Македонија. Етничкиот идентитет на Македонците е потврден со Преспанскиот договор, како што е потврден и македонскиот јазик, и апсолутно нема загрозување на било кои интереси, посочи Заев.

Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски изјави дека  ВМРО-ДПМНЕ поддржува етничката припадност да стои во личните карти, но и во патните исправи, а не поддржува името Република Македонија да биде променето со новата придавка. За тоа, како што вели, има рок од пет години да се примени во документите за лична идентификација и патните исправи.

Во однос на предлогот за впишување националност во личните карти, го повика Заев, ако навистина тоа го сака, Владата да достави закон со европско знаменце до Парламентот.

-Ако навистина Заев има желба тоа да го направи, зошто не го прави сега и да го достави законот во Собранието со европско знаменце за да можам да се идентификувам себе си како Македонец. Апсолутно е точно дека за тоа има сериозна забелешка од страна на амбасадор од страна на една соседна држава, рече Мицкоски.

Смета дека коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е на стаклени нозе, бидејќи Заев по добивањето укор од странски дипломат го повлекол она што било договорено при склучувањето на коалицијата – во личните карти да биде вметната и етничката припадност на граѓаните.

Партијата Обединети за Македонија (ОМ) преку пишано соопштение информира дека не го поддржува вметнувањето на етничката определба во личните карти и апелира до предлагачите да го преиспитаат овој предлог и да се направи подобра анализа за последиците кои може да се случат.

Според нив, етничката определба е индивидуално право на самоопределување.

-Индивидуална слобода е на секој човек да се чувствува и да биде тоа што е. Дури и во федеративните држави и во држави каде има повеќе националности, не се пишува етничката определба – тоа е свето право на индивидуална слобода и демократија, велат од ОМ.

Грција, пак, очекува доследно почитување на Преспанскиот договор и не сака да коментира што вели македонската опозиција.

-Се надеваме и очекуваме доследно почитување на предвиденото во Договорот од Преспа, нешто што е една од точките, критериумите што се однесуваат на пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ, рече вчера портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на редовен брифинг со новинарите.

Прашан за барањето на ВМРО-ДПМНЕ во личните карти да не биде вклучена придавката „северна“, Папајоану истакна дека не сака да коментира „што вели опозицијата во Северна Македонија“.

-Она што сакам да кажам е она што го кажа и Дендиас кога беше тука Османи. Секако се надеваме и очекуваме доследно почитување на предвиденото со Договорот од Преспа, нешто што е една од точките, критериумите што се однесуваат на пристапниот процес на Северна Македонија и на почетокот на преговорите со ЕУ. Не би сакал да коментирам она што го кажува ВМРО во конкретниот случај, рече портпаролот на грчкото МНР. / МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев и Царовска на две јавни расправи за реформи во стручното образование

НАЈНОВО

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

Малолетник се сомничи за обид за убиство на таткото

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk