ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќе се отстрануваат сите учебници со содржини што навредуваат или се несоодветни

February 19, 2021 12:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секаде каде што има содржини кои навредуваат, повредуваат или не се соодветни, треба да ги отстраниме и ќе ги отстрануваме, рече премиерот Зоран Заев во врска со учебникот Географија за втора година средно образование кој ќе биде повлечен по реакциите дека има содржини навредливи за Албанците.

-Добив информација од Министерството за образование и наука за промена на учебниците што се подготвува за следната учебна година, ќе биде променет и учебникот по Географија, кој постои од 2002 или 2006, но проблемот првпат е увиден во 2018 година и доаѓа за промена токму сега, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Министерката за образование и наука Мила Царовска и нејзиниот претходник Арбер Адеми, вчера на работен состанок со првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби разговарале за концептот на реформи во образованието и за Законот за учебници за основно и средно образование.

Како што информираше Кабинетот на Груби, тие се согласиле дека според Законот за учебници,  сите неправилности и неправди во сите учебници треба да бидат прегледани и исправени, почнувајќи веднаш од овој учебник по географија. Кај него, како и со другите учебници, ќе се примени членот 26 став 2 од Законот за учебници, според кој „учебниците се повлекуваат од употреба доколку содржат материјали што ја навредуваат историјата, културата и вредностите на сите граѓани на Република Северна Македонија“.

Повлекување од наставата на учебникот Географија на Република Македонија за втора година – реформирана гимназија со допис до МОН побарал Младинскиот форум на Алијанса за Албанците. Во писмото било наведено дека делови во учебникот се навредливи кон културата, историјата и другите вредности на Албанците во земјава, дека се ксенофобични и придонесуваат за стигматизација и охрабрување на говорот на омраза кон Албанците./МИА/

Next Post

ДКСК бара мерки за министерот Хоџа и прекрошна постапка за директорот на МЕПСО, Рамадани

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk