ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средби на Пендаровски со истакнати поединци во Крива Паланка во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“

February 19, 2021 12:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, вчера попладне во Крива Паланка се сретна со истакнати поединци коишто придонесуваат во локалната заедница. Неговиот Кабинет соопшти дека имал средби со Добри Јовевски, одделенски наставник  од основното училиште „Илинден“, и со примариус д-р Сретимир Николовски од Здравствениот дом во Крива Паланка.

На средбата со наставникот Јовевски  претседателот Пендаровски, како што информираше неговиот Кабинет, беше запознат со иновативниот пристап во неговата работа.

Јовевски како наставник работи 23 години. Преку интерактивен пристап и свој личен концепт  се труди да поттикне интерес и да ја разбуди љубопитноста кај учениците. Вели дека во спроведувањето на наставата акцент става на примената на технологијата која, според него, на учениците им дава можност да истражуваат. Наставата често ја изведувал и надвор од училницата, преку реализација на посети на општествени и културни знаменитости и институции. За својата работа, добил бројни признанија. Дел од неговите напори е и поголемото вклучување на ромската заедница во образовниот процес.

Во разговор со претседателот Пендаровски, Јовевски нагласи дека системот треба повеќе да ги препознава талентираните наставници и ученици.

– Навистина е штета што поради пандемијата на КОВИД-19 училниците се празни и го нема џагорот на учениците. Но, верувам дека со вашата иновативност ја правите интересна и онлајн-наставата, рече претседателот Пендаровски на средбата со одделенскиот наставник Јовевски.

Во Крива Паланка, претседателот Пендаровски се сретна и со примариус д-р Сретимир Николовски, кој веќе четири децении работи во Здравствениот дом во Крива Паланка.

За својата стручност и посветеност е носител на бројни признанија. Автор е на 46 научни трудови на повеќе од 20 конгреси од различни области на интерната медицина. Бил ангажиран и во Лекарската комора на Македонија и во Црвениот крст. Во 2019 година ја добил наградата „8 Октомври”, којашто, по повод празникот на градот, ја доделува општина Крива Паланка. 

Во разговор со д-р Николовски, претседателот Пендаровски, посочува неговиот Кабинет, беше запознат и со тековната работа на Здравствениот дом во Крива Паланка во контекст на справувањето со пандемијата од КОВИД-19.

– Преку „Лице в лице со Претседателот“ претседателот Пендаровски остварува неформални средби со граѓаните коишто на различен начин придонесуваат во локалната заедница и во општеството во целост. Целта на проектот е ваквите поединци да станат повидливи, истакнувајќи го нивниот труд и несебичен влог во професијата, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски./МИА/

Next Post

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 375 пациенти, слободни кревети има

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk