ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сопствениците на ресторани и музичарите бараат укинување на забраната за работа, најавуваат нови протести

February 19, 2021 15:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Угостителите, фотостудијата и музичарите денеска на протест во Скопје побараа да се укине забраната за работа на рестораните за свадби и други свечености и да работат по одредени протоколи. Тие се незадоволни од петтиот пакет антикризни мерки, во кој, како што изјавија, се заборавени од страна на Владата.

– Ние немаме ограничување во дејноста, имаме забрана за вршење на нашата примарна дејност за која сме ги отвориле објектите и доколку работиме треба кривично да одговараме. Пет месеци од сопствени средства пуштаме плати за нашите вработени, а државата ни помогна шест месеци. 11 месеци од сопствени средства плаќаме камати на кредити, кирии, комунални трошоци, осигурување, обезбедување и останати режиски трошоци. Бараме да работиме под најригорозни протоколи, изјави Перица Голомеиќ на денешниот протест во Автокоманда.

Нагласи дека се работи за категоризирани објекти кои располагаат со големи капацитети и имаат можност да организираат настани на кои би се запазиле сите протоколи.

– Апелираме на донесување на протокол со временска динамика кој е од исклучително значење за идните младоженци, но и за нас и за сите комплементарни дејности. Споредбено со регионот, ние сме единствена земја која не доби протокол за организирани настани цела година, а поддршката – субвенционирање на плати и придонеси, како и еднократниот грант, е убедливо најниска директна помош во нашиот сектор во регионот, рече Голомеиќ.

Бараат од Владата да направи посебен пакет за рестораните за организирање настани и за ноќните клубови

– Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и свесни сме за моменталната состојба. Поради тоа во првата фаза не бараме да ни се дозволи да организираме „традиционална македонска свадба” , единствено бараме да можеме да работиме под истите услови и протоколи како и останатите a la carte ресторани. Овие барања се од суштинско значење за нашиот опстанок имајќи го сезонскиот карактер на нашата дејност, нагласи Голомеиќ.

Најавуваат продолжување на протестите од понеделник во Скопје и во другите градови се додека не се исполнат нивните барања.

Денеска, премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека како Влада се отворени за разговор и разгледување на сите детали, а министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека го поддржува правото на протест, но не се согласува со ултиматуми. Посочи дека во четвртиот сет на економски мерки имало директни грантови за угостителите кои организираат свадби.

-И во минатото, и сега со петтиот сет економски мерки, покажуваме дека ниедна дејност нема да биде изоставена, вклучувајќи го и угостителството. Не се согласувам со ултиматумите што беа испратени, а би ги охрабрил граѓаните да го кажуваат нивното мислење преку демократски начини како што се и протестите. Ние ќе бидеме тука како Влада да им помогнеме на граѓаните и на бизнисот со цел да ја поминеме пандемијата со најмали последици, рече Бектеши на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање./МИА/

Next Post

Регистрирани 415 нови случаи на Ковид 19, починати се 19 лицa

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk