ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и Царовска: Средното стручно образование обезбедува повисок квалитет на живот

February 19, 2021 16:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска во Богданци беше гостин на дебатата која ја организираше Министерството за образование и наука со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

Дебатата е дел од серијалот настани кои се поврзани со реформата во образованието со посебен аспект на стручното образование под слоганот: „Учи паметно, работи стручно“.

Серијата трибини од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за образование и наука, во соработка со локалните самоуправи, е дел од приоритетната агенда на Владата чија цел е идентификацијата на потребите на пазарот на труд врз основа на што ќе се прават модификациите во образовниот систем.

„Оваа година ја променивме политиката за стипендирање и за прв пат се воведоа стипендии за стручните училишта. Го зголемивме бројот на стипендии за електротехничката струка којашто е значаен дел од нашата индустрија, како и бројот на стипендии во машинската, земјоделско- ветеринарна, текстилно-кожарска и градежно-геодетската струка. Ова го правиме за да ја намалиме хиперпродукцијата на непродуктивни кадри, и за да го стимулираме образованието кон градење на високостручни кадри кои се веднаш подготвени да одговорат на современите потреби на новата македонска економија“, истакна Заев.

„Компаниите имаат потреба од квалитетни работници, а Министерството за образование и наука преку социјален дијалог, ги поттикнува на соработка со локалните самоуправи, средните стручни училишта и стопанските комори, за да воспостават заеднички систем на образование. Цел на дебатите кои низ целата држава се водат под мотото „Учи паметно, работи стручно“ е да ги идентификуваме потребите за одредени образовни профили, да ги прилагодиме наставните програми и уписните политики и преку квалитетно образование да овозможиме подготовка на стручен кадар кој ќе биде лесно вработлив и реалната економија ќе може брзо да го апсорбира“, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.

Билјана Пеева Ѓуриќ, извршен директор на Стопанската комора на Македонија рече дека им помагаат на компаниите да го совладаат клучниот предизвик- обезбедување на квалитетен кадар.

„Обучуваме ментори кои работат со учениците на усвојување на стручните знаења и во практичната работа во самата компанија. Во изминатите две години обучивме и сертифициравме 300 ментори од 245 компании. Компаниите покажуваат голем интерес директно да се вклучат во процесот на стручно образование и преку креирање на образовни програми да си обезбедат потребен кадар”, рече Пеева Ѓуриќ.

На дебатата учествуваа и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер, градоначалникот на Богданци Блаже Шапов, градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков, градоначалникот на Валандово Перо Костадинов, претставници на бројни компании и гости од средните стручни училишта во регионот.

Серијалот општествени дебати со цел подобрување на образованието во Северна Македонија е помогнат од страна на Швајцарската амбасада која издвојува финансиски средства за овие програми и реформи и е активен чинител со своите искуства.

Next Post

Бајден денеска на средби со лидерите од Г-7

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk