ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Брнз: Попис треба да има, изборите не се решение за сите проблеми

February 19, 2021 20:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Треба да се направи попис. Имаме доверба, имаме очекувања дека пописот ќе се изведе професионално и ќе се користи за прибирање прецизни податоци што ќе се користат за јавни политики, како и да се привлечат инвестиции, кои се неопходни за вашиот раст, рече вечерва американската амбасадорка, Кејт Брнз.

-Мило ми беше што Законот за попис на населението помина на Собрание и тоа се случи со поддршка на некои од членовите на опозицијата. Тоа има критична функција. Како што знаете, во вашата земја не е извршен попис цели 20 години. Недостигот на точни податоци на населението правењето јавни политики го чини многу тешко. Од наша гледна точка важно е да се изврши попис и да се оди понатаму, како статистичка практика, а не политичка, но креаторите на политики располагаат со такви алатки, истакна амбасадорката во „Само вистина“ на Канал 5.

Според неа, изборите се гласот на граѓаните и нивниот суд, но не се единственото решение за сите проблеми.

-Мислам дека треба да се потсетиме дека политичката стабилност произлегува од добра влада, а изборите се клучниот дел. Тие го изразуваат гласот на гласачите и нивниот суд, но не се единствениот елемент и не се решение за сите проблеми. За тоа се потребни силни институции, политички актери што ги почитуваат институциите, политички бирократии со кои управуваат институциите, како и слободно и независно судство што спроведува правда. Сите овие елементи заедно придонесуваат за силна  и стабилна демократија, а така напредува општеството, истакна Брнз.

На прашањето за постигнувањето консензус меѓу власта и опозицијата околу клучните прашања и колку е тоа реално можно, Брнз одговори дека тоа е важна цел, но не е секогаш возможно.

-Во една демократија сакаме да постигнеме колку што е можно поголем консензус, особено за најкритичните прашања. Тоа е важна цел, но не е секогаш возможно. Не може сите политики да ви бидат одобрени од секој политичар, а камоли од секој гласач. Политиките треба да не водат напред. Многу е важна улогата на конструктивна опозиција во една демократија. Од витално значење е тие да застапуваат различни политички ставови, но дури и кога има длабоки идеолошки спорови, мора да постои почит кон институциите, поединците, но и почит кон електоратот. Потребен ви е простор каде може да се изјаснат различни ставови, но да не се користат за опструкции. Да се создаде простор каде можете да имате добра, конструктивна, политичка дебата, претставувањето на политичките ставови е важно, но не смеете да дозволите институциите да не се почитуваат, а и гласовите на електоратот. Тоа е апсолутно критично, особено за најтешките прашања со кои земјава се соочува денес. Треба да се трудиме тоа да се надмине, порача амбасадорката. /MИА/

Next Post

Филипче: До 17 часот вакцинирани 199 здравствени работници од Скопје и другите градови

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk