ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Oтворена „Европска куќа“ во Струмица, катче за негување на европските вредности

Кога ќе речеме „Европска куќа“, тогаш зборот куќа не го го толкуваме како нешто што означува архитектонски објект, туку како-дом. А каде што има дом, таму има и семејство. Најчесто Европската унија ја нарекуваме европско семејство. Ако е тоа така, тогаш оваа „Европска куќа“ што денес ја отвораме, не е ништо друго туку европски дом за младите струмичани, потенцираше премиерот Заев

February 20, 2021 16:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со симболично предавање на клучот од страна на градоначалникот Коста Јаневски на младите од Струмица денеска беше отворена „Европска куќа“, катче за дружење на младите и негување на европските вредности.

На отворањето присуствуваа и Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир и премиерот Зоран Заев, кои го проследија перформансот на младите и го посетија новиот простор за младите во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев истакна дека многу е значајно што Делегацијата на Европската Унија го спроведува овој проект врз основа на сознанијата и сугестиите што  дојдоа од преку 30 јавни дебати со младите луѓе во нашата земја во повеќе градови.

-Кога ќе речеме „Европска куќа“, тогаш зборот куќа не го го толкуваме како нешто што означува архитектонски објект, туку како-дом. А каде што има дом, таму има и семејство. Најчесто Европската унија ја нарекуваме европско семејство. Ако е тоа така, тогаш оваа „Европска куќа“ што денес ја отвораме, не е ништо друго туку европски дом за младите струмичани, потенцираше премиерот Заев.

Амбасадорот Гир подвлече дека Струмица заедно со Крива Паланка се првите општини надвор од главниот град кои се домаќини на европски куќи.

-Идејата за Европската куќа се роди како одговор на барањата коишто средношколците ги презентираа на дебатите кои ги имаа со Делегацијата на ЕУ ширум земјата и ние ги послушавме.  Ние како Делегација на ЕУ одлучивме да го замениме претходниот ЕУ-Инфоцентар со Европската куќа во Скопје која што им обезбеди на младите луѓе простор каде што можат да го развијат критичкото размислување, да се вмрежуваат, меѓутоа исто така и да се ангажираат во обликување на европската иднина на земјата, но исто така и да се забавуваат. Позитивното искуство со Европската куќа во Скопје исто така не импресионираше да отвориме вакви места за новата генерација и во другите градови на Република Северна Македонија и еве не, рече Гир.

Градоначалникот Јаневски во обраќањето рече дека младите струмичани веруваат во европските идеали и дека е возможно и сосема реално живеејќи и делувајќи во сопствената земја да се живее и делува во ЕУ.

-Токму поради тоа верувам дека не случајно Струмица е еден од двата македонски града во кои се отвора едно прекрасно катче наречено Европска куќа. Овој модерен простор е плод на одлична соработка помеѓу Делегацијата на ЕУ и општина Струмица, а целосната реализација на овој прекрасен проект е на ЕУ откако просторијата ја обезбеди општина Струмица, посочи градоначалникот на Струмица.

Програмата за отворањето почна синоќа со светлосна инсталација и настап на локални музичари и уметници. На денешното официјално имаше активности на отворено во малиот парк лоциран спроти објектот во Струмица со учество на локални млади луѓе од хип-хоп танцовото студио „One Way“, графити од уметникот Сашко Николовски, спортисти, уметници, како и Младите европски амбасадори и аташеа од Северна Македонија. Вечер се планира „light аrt“ инсталација внатре во Европска куќа, како заокружување на денот на отворањето.

Next Post
Foto: Stefan Rajhli

Денoт на погребот на Балашевиќ ќе биде Ден на жалост во Нови Сад

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk