ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Националната стратегија на ДКСК за спречување корупција и судир на интереси усвоена на собраниска комисија

February 23, 2021 14:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ја усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 изготвена од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Документот содржи 12 клучни цели и ги селектира приоритетните проблеми кои генерираат  висок ризик од корупција, а идентификувани се мерки за нивно надминување.  

Проблемите и мерките што стратегија ги предвидува се систематизирани во областите (сектори): јавни набавки, вработувања во јавниот сектор, политички систем, правосудство, органи за спроведување на законот, здравство, образование, труд и социјална политика, урбанизам, животна средина, земјоделство, спорт, јавни претпријатија, медиуми и граѓанско општество.  

 Претседателката на собраниската Комисијата, пратеничката од НСДП Соња Мираковска, оцени дека Стратегијата на ДКСК е одличен документ кој првпат се носи во Собранието, и ќе биде, како што рече, четиво за пратениците. Посочи дека по секој извештај на ДКСК Собранието ќе организира надзорна расправа и ќе се одговара зошто не е реализирано нешто што е предвидено со Стратегијата и нејзиниот акциски план.  

 -Првпат преземаме активна улога, а тоа значи да контролираме што се случува по носењето на Стратегијата и да сфатиме дека тежиштето е овде. Тука ќе се сретнеме со првите проблеми, овде ќе се договориме, ако не е исполнет Акцискиот план и мерките ќе ги повикаме институциите во Собранието на надзорна расправа за да ги прашаме зошто не го завршиле тоа на што се обврзале. Ако така фунционираме, ќе одиме чекор по чекор напред. Да немаме илузија дека веднаш ќе се справивме со корупцијата, но да ги правиме чекорите. Ова е значаен чекор. Корупцијата е длабоко навлезена во општеството и не се поправа за еден ден и со една стратегија, но со неа се  почнува борбата. Со неа ние имаме увид во голем дел од работите и како може тие да се поправат, рече Мираковска во завршната расправа за документот.  

 Важно е да се одговори како се трошат државните пари и затоа јавните набавки и вработувањата се исклучително важни и провејуваат, рече Мираковска, низ сите стратешки сегменти. Притоа соопшти дека за јавни набавки државата троши  20 отсто од целокупниот буџет, што е околу 800 милиони евра годишно.  

 Според пратеничката Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ,  Стратегијата на ДКСК е голем чекор со оглед дека досега не постоел таков документ, ги поздрави 12-те цели содржани во неа, со заклучок дека во моментов сме многу далеку од нив и дека најважна цел е да дојдеме до некои вообичаени стандарди. 

 За да нема корупција и криминал, рече Силјановска, важна е поделбата на власта и рамнотежа на трите власти, независно судство, критички медиуми, силен цивилен сектор кој ќе гради партнерски однос со власта, но ќе биде на дистанца за да ја зачува независноста, а важен е и моделот на политичката култура односно дали се влегува во власта од државни или од лични интереси. 

 -Корупцијата е жилава, отпорна камелеонска појава, Јанус со стотици лица, и затоа треба сет инструменти за да се редуцира, оневозможи и еден ден да се анулира. Не зборуваме за ефемерна, туку за системска корупција и затоа бара и системски пристап. Корупцијата и криминалот најлесно виреат и стануваат системска појава таму каде што има слаби институции и моќни поединци. Во хибридни режими и авторитарни режими резултатот е однапред познат, а правилата се ирелевантни, рече Силјановска, додавајќи дека повисока функција значи и поголема одговорност. 

 Таа во опширното излагање побара итно да се реши просторниот проблем на ДКСК и проблемот на дигитализација, приоритет да бидат вработувања во Антикорупциската зашто во спротивно, како што рече, стратегијата  ќе биде уште една хартија.  

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска смета дека со подготовениот документ се на добар пат во остварување на целите. Во однос на изработката на софтвер и доекипирањето со вработувања рече дека процесите одат бавно, но е добро што тргнале.  

 Ивановска на собраниската седница го презентираше Годишниот извештај за работата на ДКСК во 2019 година. Соопшти дека во десетте месеци од таа година (овој состав на ДКСК е избран во 8 февруари 2019 година согласно новиот Закон за спречување корупција и судир на интереси) до ДКСК биле доставени рекорден број пријави од физички и правни лица, во кои се укажува на бројни повреди на закони, процедури, но и на злоупотреби на функции и јавни овластувања.  

 – Бројот на примени пријави и отворени предмети во 2019 година е поголем од вкупниот број пријави примени во ДКСК во последните претходни пет години. Во десетте месеци до ДКСК беа доставени 1172 пријави од граѓани, здруженија и институции, со сомневања за постоење коруптивно однесување, злоупотреба на јавната функција, постоење судир на интереси, а беа отворени и 245 предмети по сопствена иницијатива, рече Ивановска, заклучувајќи дека пријавите со кои подносителите бараат остварување на нивните индивидуални права се должи, пред се, на изгубената доверба на граѓаните во институциите на системот.  

ДКСК решила 100 предмети од областа на корупцијата – од 687 пријави и 23 предмети по сопствена иницијатива, а од областа на судир на интереси – од 364 пријави и 66 по сопствена иницијатива, решила 143 предмети. Од 54 пријави за непочитување на забраните во текот на изборниот процес и три по сосптвена иницијатива одлучила по 38, а за проверка на имотната состојба, од поднесени 67 пријави и 153 по сопствена иницијатива, ДКСК одлучила по 83 предмети. Притоа биле уочени бројни слабости во законите и нивна злоупотреба, особено во вработувања во јавниот сектор и злоупотреба на функции и овластувања при издавање разни дозволи, одобренија, договори и создавање услови за фаворизирање лица и компании.  

Токму од откриените слабости бил креиран и основниот концепт на превентивни мерки и алатки при изработка на Националаната стратргија против корупција и судир на интереси со акцискиот план за периодот 2021-2025./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи во Париз: Остануваме на патот на европската интеграција

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk