ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Новинарски здруженија: Јавните кампањи во медиумите треба да се бесплатни

February 23, 2021 14:39
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат на најавата на Владата за враќање на праксата на плаќање на медиумски кампањи со јавни пари во приватните медиуми.

Со внимателност ги следиме најавите од Владата за измена на медиумската регулатива во делот кој се однесува на забранатa за рекламирање од централната и локалната власт во медиумите. Овие најави се однесуваат на измена на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ), со што би се дозволило емитување на кампањи нарачани и платени од страна на јавните институции и за нив би бил откупен рекламен простор за емитување во приватните медиуми.

Вообичаена ЕУ пракса

Според праксата во ЕУ, земјите кои имаат поголема демократска традиција имаат воведено целосна забрана за платено политичко огласување на телевизијата и радиото и за време и надвор од избори. Таквата забрана се оправдува со фактот дека радиодифузерите имаат големо  влијание на формирање на јавното мислење, а истовремено времето за емитување на политичко-пропагандни пораки на телевизијата чини многу пари. На тој начин оние центри на моќ кои имаат пристап до поголеми ресурси, посебно политичките партии кои се дел од власта се во поповолна ситуација од останатите партии, но и граѓански организации и движења, со што се остава простор за дискриминација. Регулирањето на овие прашања во оваа насока со закон се исклучително ризични на долг рок, зашто ќе се воспостави пракса од која веројатно нема да отстапи која било влада во иднина, а тоа може трајно да ја загрози улогата на медиумите.

Напоменуваме дека во најголем дел од земјите од европскиот континент јавните соопштенија поврзани со теми за кои се цени дека се важни за животот на граѓаните се бесплатни, а кај медиумите, вклучувајќи го и јавниот сервис, треба да има свест за општествена одговорност да објавуваат ваков тип на содржина. Секако, од медиумите се очекува сами да проценат дали пораките во овие кампањи или соопштенија се важни за здравјето или безбедноста на граѓаните и бесплатно да ги емитуваат, но не и да им да им биде откупен рекламниот простор со јавни пари, зашто на тој начин може да се влијае на нивната независност.

Можност за поддршка за медиумите

Свесни дека економската криза предизвикана од тековната пандемија влијае негативно на медиумскиот сектор, ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ беа и продолжуваат да бидат конструктивен фактор во односите со Владата во изнаоѓање решенија преку кои би се помогнала работата на медиумите. Сметаме дека тоа може да се направи на два начини:

– Преку политика на дополнително намалување на давачките на медиумите кон државата (концесии, даноци, придонеси). Со тоа може да се постигне и добар финансиски ефект, а воедно и неселективен пристап кон сите медиуми, а да се избегне директно плаќање на јавни средства за откупување на простор во медиумите.

– Преку концептот за поддршка на проекти од јавен интерес за производство на квалитетна медиумска содржина, врз основа на претходен јавен конкурс со прецизни критериуми и транспарентност при одлучувањето. Ова е многу подобар пристап за поддршка на професионалните медиуми. На овој начин, би се поттикнале професионални новинарски содржини преку кои полза би имале граѓаните, а на долг план би се подобрила и медиумската програма зашто ќе остави простор медиумите да се натпреваруваат со квалитет, истражувања за корупција, анализи, документарци и едукативни содржини. Така повторно би се избегнала можната врска на политиката и медиумите, што опстојува како ризик, доколку се дозволи директно плаќање преку јавните кампањи.

Штетна пракса од минатото

Новинарските и медиумските организации повторно предупредуваат дека праксата со платени јавни кампањи во приватни медиуми се покажа како исклучително штетна во минатото бидејќи со пари на граѓаните се вршеше притисок кон медиумите на нивната уредувачка политика. Во исто време преку овој систем се изигруваше јавниот интерес кој често беше на штета на граѓаните, а во полза на политичките партии што беа на власт. Освен ова, враќањето на оваа пракса дополнително може да го загрози кревкиот медиумски пазар на кој веќе се влијае преку јавни средства, пред сè преку платената политичка програма предвидена во Законот за избори, која се однесува на партиските кампањи пред избори кои се плаќаат од државниот буџет и претставуваат значителен процент од вкупниот годишен буџет на медиумите во нашата земја.

Next Post

Националната стратегија на ДКСК за спречување корупција и судир на интереси усвоена на собраниска комисија

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk