ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи во Елисејската палата на средба со советниците на Макрон, Думон и Адам

February 23, 2021 17:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Франција одржа одвоени средби во Елисејската палата со советниците во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон, Изабел Думон, надлежна за Континентална Европа и Турција, и со советникот за Европа, Александар Адам, каде ја потенцираше важноста од имплементација на одлуката на советот на ЕУ од март минатата година.

Според министерот, имплементацијата претставува важен услов за задржување на европскиот кредибилитетот во регионот, особено кредибилитетот на процесот на проширување.

Во оваа насока, на средбата е разгледана и стратегијата за Западен Балкан на францускиот претседател, Емануел Макрон, за која беше констатирано дека претставува интерес на двете земји.

-Ние ги разбираме грижите на ЕУ и ја сфативме потребата за трансформирање на Унијата. Силно го подdржуваме проектот за Иднината на Европа и даваме силна поддршка за новата Методологија за преговарање. Изразивме подготвеност заедно со државите членки на ЕУ, особено Франција, но и со европските институции да работиме на развивање на концепт кој ќе донесе нов квалитет на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан. Северна Македонија е подготвена за построг, но пофер надзор и ние на тоа гледаме како предност за нашата трансформација, истакна Османи.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, на маргините на работната посета на Париз, Османи остварил средба и со Марта Де-Сидрак, претседател на групата за соработка меѓу Франција и земјите од Западен Балкан на францускиот Сенат, а имал одделен состанок и со заменик генералниот директор на Француската Агенција за развој, Филип Бодуен.

Работната посета на Париз, на шефот на дипломатијата, Османи е дел од неговата дипломатска турнеја низ земјите членки на Европската унија.

-Реафирмираната поддршка од страна на Франција, како и трите потпишани Договори претставуваат позитивниот исход од оваа посета, со што напредокот на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Франција добива дополнителен интензитет, се наведува во соопштението на МНР./МИА/

Next Post

Мијалков се појави пред ЈО, тврди дека не избегал туку бил во изолација

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk